| Добредојдовте во светот на пчеларството |
|
|
|
| Пчеларење - Почетници | |||
| Петок, 05 Февруари 2010 23:08 | |||
Пчеларство може да биде фасцинантно хоби, профитабилна споредна работа, или професионална дејност. Можеби ќе посакате да ги задржите пчелите заради прекрасниот свеж мед што го произведуваат, за придобивките од нивните скапоцени услуги како опрашувачи, или можеби едноставно за уживање и проучување на едни од најинтересните инсекти во природата. Речиси секој може да чува пчели. Медоносни пчели нормално е да се бранат како и да ги бранат нивните колонии но кога со колониите се постапува правилно и се превземаат неопходните мерки на претпазливост, боцкањето од нив не се голем проблем. Повеќето од пчеларите ќе развијат толеранција за пчелниот отров со текот на времето и ќе имаат намалена чувствителност на болка и оток. Сепак, оние луѓе кои жестоко реагираат на пчелиниот отров и поленовиот прав или кои се во можност да добијат алергија од пчелиното боцкање треба да избегнуваат контакт со пчели. Повеќето пчелари во Македонија се хобисти. Пчеларство генерално се смета за ситна индустрија. Сепак, поради својата заедничка врска со земјоделството и зависност на лозарите од опрашването со медоносната пчела, пчеларството е многу поважено отколку само вредноста на восок и произведениот мед годишно. Овој прирачник е за сите пчелари а пред се за почетниците и ке допринесе за подобро разбирање на биологија на медоносната пчела, првите чекори, управување со пчелина колонија за забава и / или профит и е дизајниран да ви помогне да стане успешен пчелар. Добредојдовте во светот на пчеларството.
|
Коментари (2)
Pozdrav do Nikola
2
Вторник, 02 Март 2010 21:34
Pcelko
Никола мислам дека сега е правото време да решиш дали ке почниш да пчелариш од оваа година.Сега треба да почнеш со набавка на сандуци, прочиташ некоја литература,пробуричкаш низ интернет и најважно нарачаш и одбереш од каде ке набавиш роеви.
Коментари (1)
zdravo
1
Петок, 26 Февруари 2010 16:37
Nikola
Jas sum od bt i sakam od ova godina da pocnam da se zanimavam so pceli, pa sakam da prasam koe vreme e najdobro za zapocnuvanje so ovaa dejnost t.e koga da zemam pcelni semejstva i kolku se dovolni za pocetok pozdrav.
Коментари (4)










Пчеларство може да биде фасцинантно хоби, профитабилна споредна работа, или професионална дејност. Можеби ќе посакате да ги задржите пчелите заради прекрасниот свеж мед што го произведуваат, за придобивките од нивните скапоцени услуги како опрашувачи, или можеби едноставно за уживање и проучување на едни од најинтересните инсекти во природата.
алергија од пчелиното боцкање треба да избегнуваат