Вулканска ерупција Печати
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еко Новости
Сабота, 24 Април 2010 09:01

Ерупцијата на вулканот под глечерот Ајафјалајокул исфрли облак од пепел во височина од 8,5 километри и беше десетпати посилна од претходната, што се случи во минатиот месец.Според Туми Гудмундсон, геолог од Исландскиот универзитет, ветерот што дува овозможил подобра видливост,

и со надлетуванје на Ајафјалајакул научниците ке можат да направат процена на неговата активност. "Со утврдуванјето на тоа колку мраз се стопил од глечерот што го покрива вулканот може полесно да се оцени колку време ке трае ерупцијата", објаснил Гудмундсон.

 Научниците тврдат дека доколку вулканската пепел се спушти во ниските слоеви од воздухот ќе има последици по здравјето на луѓето и животните.Исто така постои можност пепелта да се врзе со водата во облаците и да биде присутна во дождовните капки.