Органско Пчеларење |
Напишано од A.T. |
Вторник, 23 Декември 2008 15:39 |
Органското производство е систем кој одговара на природните законитости на животот на пчелата како организам во склоп на сефкупниот биодиверзитет. Целта на ова производство не е максимално производство, туку заштита на земјата, водата, воздухот, здравјето на човекот и животната средина. Органското производство бара и нуди создавање рамнотежа помеѓу сите овие фактори. Во органското производство се постигнува затварање на кругот а движење на материјата без дополнителни влијанија несвојствени за природата. Органското пчеларење почитува строги меѓународни правила пропишани со документ (ЕУ Регулатива 20091/92, како и 834/2007). Во Република Македонија е усвоен Закон за органско земјоделство. Во овој материјал накратко ќе ги образложиме основните правила кои треба да ги исполни еден фармер – пчелар за да може неговото производство да биде инспектирано, по што истиот би добил сертификат за органско производство, а неговите производи статус на органски производи. Во близина на органскиот пчеларник не се дозволува лоцирање на конвенционален, од причина на евентуално мешање на конвенционалниот со органскиот мед. Селидбено пчеларење е дозволено, но само ако се запазени условите погоре. Органското производство преферира одгледување на локално прилагодени раси на пчели. Треба да се води сметка за нивната виталност и отпорност на болести. За наша среќа во Македонија опстанува автохтоната мариовска раса (Apis mellifica macedonica) која по своите карактеристики е една од најдобрите раси пчели на светот, која во функција на облагородување на други раси е доста извезувана во други земји. Од тука, мешање на оваа раса со други раси не е препорачливо. Восокот од кој е изградено саќето во конвенционалните пчеларници најчесто содржи парафин (што се користи при обликувањето на восочните основи) кој е дериват на нафтата и не е дозволен за употреба. При конверзијата на една конвенционален пчеларник во органски, во секој случај пчелниот восок што е контаминиран со остатоци од пестициди или е измешан со парафин мора да се замени. Техниката на замена е објаснета во поглавјето замена на восокот. Бојата која се користи за заштита на дрвените пчелни сандаци не треба во себе да содржи синтетички состојки. Дозволено е користењето само на природни средства, на пример ленено масло во комбинација со восок и прополисен екстракт или одделно. (види, „Замена на синтетичката боја и боење со органски бои“). Водењето евиденција на органскиот пчеларник обезбедува преглед на целокупното производство. За да се обезбеди истото, секое пчелно живеалиште треба да биде нумерирано. Исто така задолжително е водење друг дневник во кој се содржани инпутите и аутпутите (сè што е купено и продадено ) по количина, квалитет и време кога се набавени или излегле од фармата. Сите овие документи треба да се дадат на увид на барање на Како што е кажано погоре, за органско пчеларско производство, потребно е да се одбере соодветна местоположба на која ќе се постават пчелните сандаци. Таквата местоположба пожелно е да е наклонета спрема исток на каде треба да се свртени и полеталките (вратите) на сандаците. Ова од причина што пчелите порано ќе го започнат утринското излетување на паша. Од друга страна кога сонцето грее најмногу полеталките веќе се наоѓаат во сенката на сандакот. Засенувањето е уште поголемо доколку теренот е повеќе наклонет кон исток. Поставувањето на сандаците во пчеларникот може да биде во еден или повеќе редови. Идеално е редење во цик-цак, така што пчелите да не си пречат една на друга и најлесно да се ракува со нив. За да се продолжи векот на користење на сандаците пожелно е истите да бидат подигнати на потпори (дрвени, метални, бетонски и др.). Кај нас во најголем број пчеларници се користат бетонски блокови како добро, не толку скапо, и долготрајно решение. Во органското пчеларство не е дозволено третирање со хербициди. Од оваа причина исто така не смее да се третира со хербициди и местото на поставување на пчеларникот. Ако има можност пред лоцирањето на пчеларникот да се обработи површината и да се посее тревна или тревнодетелинска смеска со низок раст, која нема да треба постојано да се коси. Таму каде што трева веќе постои треба да се врши навремено косење, за да не дојде до ситуација тревата да прерасне над полеталките со што ќе се попречи полетувањето на пчелите во барање на храна. Бројот на пчелните семејства на еден органски пчеларник треба да соодветствува со капацитетот на пчелната паша. Во секој случај бројот на пчелните семејства на секоја местоположба треба одделно да се одредува. Според условите кои владеат на повеќето медоносни паши во Македонија еден пчеларник не треба да содржи повеќе од 120 семејства. Во органското пчеларство може да се пчелари со било кој тип на сандак, тој мора во суштина да биде направен од природни материјали и да не ги контаминира пчелните производи. За подобрување на понудата на пчеларникот во смисла на селскиот туризам пожелно е во пчеларникот да се интегрираат и примитивни пчелни сандаци.
|
Последна промена на Понеделник, 27 Март 2017 18:10 |
ne e problemot za administrativnite proceduri tuku koj
ke go kontrolira opganskoto pcelarenje
А дали можите да издадете потврда дека восокот е органски (се разбира нашиот што ќе го дадеме на преработка)кај вас
На лице место по пчеларниците за контрола доаѓаше инспектор од
,,Балкан Биосерт,, и се беше во ред.
Сега што се случува. Истот тој инспектор на повеќето пчелари им вели дека не одговара местоположбата на пчеларниците, и дека ќе треба да ги селат на нова локација. Како ова да е така едноставно
POZDRAV,
dusan maric
tel.02.2435.814 mob.070.260.363