Протоколот од Кјото Печати
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошки проекти и акции
Вторник, 08 Декември 2009 12:51

Екологија:

"Протоколот од Кјото,, - Јапонија
Најважниот светски документ на индустриската револуција "на Протоколот од Кјото, со кој  најразвиените земји на планетата се обврзаа да ги намалат емисиите на штетните гасови, стапува на сила на 16/02/2005..


Во договорот што го потпишаа 141 земји, меѓу кои и индустриски гиганти и 30 (со исклучок на САД и Австралија) предвидено е  до 2012 година  за 5,2 проценти намалување на емисиите на јаглероден диоксид во атмосферата на Земјата.

САД, како земја која најповеќе се залага за глобализацијата не се согласи да го потпише договорот. Заедно со Австралија, оваа воено и економски најмоќна земја на светот е одговорна за една третина од штетните гасови  кои се испуштаат во животната средина. Претседателот Буш го бранеше својот став и ставот на својата администрација со тоа дека многу од договорните страни немаат  ниту знаење ниту ресурси за потпишаниот акт да го спроведат на дело поради што сето тоа е  повеќе или помалку бесмислено. Се чини сепак дека нешто друго по среди - а тоа е дека профитот е поважен од иднината на Земјината топка.

Поточно зголената емисија на јаглерод диоксид во атмосферата е главен виновник за ефектот на стаклената градина и глобалното затоплување на Земјата, што доведе до урагани, суши, поплави и топлотни удар, во кој во последните неколку години животот го загубија милиони луѓе. Со оглед дека најмногу јаглероден диоксид во атмосферата емитира согорувањето на  фосилните горива (нафтата  и јагленот),  прашањето на откривањето на алтернативни енергетски горива избија во преден план.

Моментално од нафта зависи 90 отсто од вкупниот превоз, храна, лекови и хемикалии на земјата. Оценките се дека  2030 ќе има потреба за 60 проценти повеќе енергија, а испораки на нафта има околу четири децении. Во исто време, според ОН во следните 30 години, производството на храна треба да зголеми за 60 отсто на глобално ниво за следење на раст на светското население. Сепак, тоа нема да биде можно, бидејќи ефектот на стаклена градина и глобалното затоплување значајно ќе ја намали површина од обработливото земјоделско земјиште.

Ако продолжи трендот на глобалното затоплување, просечната температура на Земјата до 2100 година  ќе се зголеми за 5,8 степени целзиусови. На пример, од 1900  до 1990  температура е зголемена за само 0,6 целзиусови. Според американската вселенска агенција (НАСА), 2005  ќе биде најтопла година во историјата на светот. Колку ситуацијата е сериозна, или колку човекот придонесува со развојот на индустриите за затоплувањето сведочи фактот дека најтоплите години во историјата некогаш беа 1998, 2002, 2003. и 2004. Цената за ефектот на стаклена градина е невозможно да се измери и се изразува во илјада милијарди долари, предупредуваат  стручнјаците. Загаденоста на воздухот, водата и киселите дождови се  резултат на тоа, милиони луѓе умираат, и природниот екосистем на Земјата не може да ја надомести причинетата штета.
Решение за зачараниот круг меѓу глобалното затоплување, емисиите на штетни гасови и раст на потрошувачката на енергија е производство на евтина енергија од обновливи природни извори - сонцето, морето и ветерот.
Доколку предупредувањата  стигнат навреме до свеста на претседателите на големите компании и шефовите на најмоќните држави, на планетата ќе се избегне криза во која милиони невини луѓе ќе страдаат.

 

Превод на статија - А.Тодоровски

Извор А.Петрович

Блиц,

 

 
Коментари (1)
1 Вторник, 28 Јули 2015 11:02
Tomevski Mlisav -Tetovo
Gore navedenoro rastenie vo republika Srbija go oma,dodeka kaj nas se uste ne sum slusnal deka go ima.Istoto nekilku pati vo godinata cvetalo i pcelite mnogu go skale.
yvComment v.1.19.3