Фактори кои влијаат на технологиите при производство на пчелини производи Печати
Напишано од Администратор   
Вторник, 27 Октомври 2009 20:42

Доколку при одгледување на пчелините заедници главна цел ни е производството на мед ,тогаш мораме да ги разгледаме факторите кои влијаат на приносите на мед по пчелино семејство.

Прв фактор е климата (распоредот на врнежите,релативната влага во почвата,осцилациите на температурата,релативната влажност на воздухот,ветровите и др.)

Втор фактор е фенологијата на медоносните растенија,застапеноста на одредени медоносни растенија , фенофазата на цутењето и др.

Трет фактор е состојбата во пчелината заедница (квалитетот и староста на матицата, бројноста на пчелиното семејство- дали е со бројност од 60-80 000 пчели или од 20-30 000 пчели.Количеството,здравствена состојба и квалитет на пчелиното легло.Храната -дали има доволни залихи  на мед, дали има доволни залихи на  полен, Здравствената состојба -дали заразеноста со вароа деструктор е во толерантни граници, дали има појава на други болести а пред се - ноземоза,варово легло,америчка трулеж и др.Простор во кошницата - плодишта и медишта,изградено саќе и сатни основи)

Четврт фактор е типот на кошницата и видот на опремата ( дали е Дадат Блат, Лнстрот Рутова или АЖ кошница. Работа со современа или застарена опреме - радиална центрифуга,издувувачи на пчели од медиштата,автоматски отклопувачи и др.)

Пети фактор е Пчеларникот (отворен,затворен ,селечки во камион или автобус најчесто АЖ- под настрешница и др.)

Шестиот фактор е Пчеларот(Дали пчеларот е повозрасен или е помлад, дали работи  како хобист или професионално -со колку време и со колкав број на кошници располага. Со колкаво знаење,искуство, креативност и иновативнос располага.Дали има доволно време  за  извршувањето на работите на пчеларникот и примена на соодветна технолошка постапка и др.)

Последна промена на Вторник, 06 Октомври 2015 20:52