Одгледување на матици 2010-2018 |
![]() |
Значајни теми - Tехнологии на пчеларење | |||
Недела, 18 Јули 2010 12:13 | |||
Со големо задоволство можеме да кажеме дека одгледаните матици се со одличен квалитет и виталност.Првите турнуси беа во мај 2010 со двојно пресадување на ларви а последните во јули со -Јентер -прес Оплодниците беа сместени во ДБ медиште со по две рамки на пчели со мед и едно рамка со легло пред излегување на пчелите.Инаку при одгледувањето користена е метода на двоспратен ЛР сандук преграден со матична решетка каде матицата е во долниот спрат а горниот спрат е девет дена без можност матицата да залежува јајца. Деветиот ден целосно се преградени спратовите а во горниот спрат по стресуванјето на 3 до 4 рамнки со пчели од младо легло се додаваат праесадените ларви или во случај на- Јентер- 3 дневни јајца.По 24 до 36 часа преградата е отстранета а пчелината заедница во двата спрата продолжува да комуницира преку матичната решетка. Во последниот турнус е користено одгледување во присуство на матица од тиха смена што дополнително ги прави матичниците поквалитетни. Родоначалничката се избира од друштва кои веке 25 години грижливо се селектирани на главните позитивни карактеристики на пчелините заедници.Доколку бидат поволни условите за одгледување матици идната година се надеваме на поголем број на одгледани матици и можност некои наши членови да набават од овие висококвалитетни и селектирани матици.
|