Оксална киселина Печати
Напишано од Администратор   
Сабота, 28 Ноември 2009 21:40

Вароа деструктор е опасен уништувач на пчелините семејства.Тоа е крлеж кој извонредно се прилагодил на условите кои постојат во пчелиното семјство.

Веќе неможеме да сретнеме пчелино семејство без присуство на овој опасен паразит.Иако пчелиното семејтво бара начини да се ослободи од овој убиец сепак во тоа не успева без поголеми загуби или изумирање на цели колонии пчелини семејства.

Природното роење е еден од начините на природна селкција и опстанок ,со што во новите роеви за одреден период се прекинува пчелиното легло и процесот на размножување на вароата, која во многу мал процент е присутна на пчелите во ројот, бидејки во тој период во изроената заедница има најголеми количини на поклопено  легло во кое  се наоѓа најголемиот број на женки варои .Во новите роеви кога матицата почнува да залежува легло,тоа го прави интензивно за да го надомести недостатокот од затворено легло. Малиот број присутните варои кои влегуваат во леглото, неможат да оштета голем број на новоизлежаните пчели па друштвото е со здрава и силна популација.Во првата година во ројот обично има мала заразеност со вароа која не е опасна за опстанокот на заедницата.

Во практиката на современото пчеларство се оформи една цела индустрија која произведува лекови против овој опасен паразит на пчелите. Меѓутоа се покажа дека крлежот убиец на пчели е извонредно приспособлив и лесно се приспособува на сите хемиски средства.

Поради лесното создавање на резистентност на вароа деструктор кон хемиските супастанци кои се користат за негово ставање под контрола ,тој станува се поголема опасност како за пчелините семејства така и за човекот кој ги користи пчелините производи, доколку неадекватно се применуваат хемиските супстанци во борбата со овој крлеж.

Борбата со овој паразит веќе добива карактер на постојан експеримент за изнаогање на лек ,како во лабораториите така и во круговите на пчеларите .Тие  често немајки друг избор користат нерегистрирани и недоволно испитани хемиски супстанци кои влијаат на вароа крлежот. Освен тоа поради резистентноста што ја создава варота кон хемиските активни супстанци пчеларите се среЌеват и со проблемот на дозирањето и многу често се одлучуваат да употребат поголеми дози од пропишаните што е мошне опасно за пчелите но и за корисниците на пчелините производи.

Поради горе кажаното овој текст во кој е опишана употребата на оксалната киселина како лек за вароа деструктор - крлежот( но и  сите други текстови каде се третираат темите на лековите против варота)треба да се земат пред се како информација која се заснова на  практичните искуства на пчелари кои применувале соодветни препарати или на тврдењата на производителите на тие препарати.

Во нив не се опишани сите негативни влијанија од употребата на хемиските супстанци  при лекувањето на Варота кои ги имаат врз пчелите ,пчелиното легло и врз сите пчелини производи.
Кога ќе се спомене употребата на Оксалната киселина  во борба против вароата веднаш ќе се соочиме со голем број на контрадикторности објавени во литературата и дискусионите групи околу безбедноста при користењето на оваа киселина.
Најпрвин безбедноста на пчеларот и опасностите по неговото здравје при припремата и апликацијата на оксалната киселина .
Безбедноста на пчелиното семејство и матиците при апликација на оваа киселина.
Безбедноста на пчелините производи произведени од пчелини семејства третирани со оксална киселина.

Оксалната киселина иако во облик на свои соли се наоѓа во повеќе органски производи( Повеќето се во чоколадо, какао, кафе, јагода, овошје, манго, грав, репка, спанаќ, слатки компири, бадеми, соја, сини домати, домат, ѓумбир и чај.- Се користи за белење на дрво, текстил и мебел направен од дрво, како и отстранување на 'рѓа од цевки,  полирање мермер, третман на отпадните води (отстранување на калциум од вода) и др.)во поголеми количини оксалната киселина и нејзините соли делуваат отровно врз човековиот организам. Оттука произлегува потребата од многу внимателно ракување со оксалната киселина, користење на ракавици заштитни наочари и маска.
Меѓутоа некои тврдат дека употребата на оксалната киселина е потполно безбедна за пчеларот пред се имајки ја во предвид концентрацијата и присуството на киселината во шекерниот сируп кој се движи од 35  грама оксална киселина на 1 кг.шекерен сируп во однос 1:1.
Вистината е дека киселината нетреба да дојде во допир со кожата, дишните органи и очите.

Некои тврдат дека примената на оксалната киселина при лечењето на пчелините заедници треба да се спроведе со загревање на истата и создавање на пареа кои се вбризгуваат  во кошницата а кошницата се затвора 20 минути.
Друѓи тврдат дека распрскувањето е најадекватен начин на апликација на киселината во пчелината заедница.
Сепак сега најповеќе се користи апликацијата со шприц накапувајки ја  смесата по улиците со пчели 30 мл за слаби семејства , 40 мл за едно тело ЛР и 50 мл за две тела ЛР и за 10 улици опфатени со пчели во  ДБ.

Останува отворено прашањето како делува оксалната киселина на вароата дали преку хемолинфата на возрасната пчела како системик, или преку пареата која се создава во пчелиното клубе. Дали ги уништува пипалата и варота неможејки повеќе да се држи за пчелата паѓа и угинува или се оштетува дегестивниот систем на вароата па таа неможејки да се храни умира?

Во однос на третирањето со оксална киселина во екот на пчелината паша и медоберот тргнувајки од создавање на резуиди во медот и саќето ,не се препорачува третирање со киселината во пашниот период сметајки дека ги загадува пчелините производи.
Има две крајности во однос на присуството на оваа киселина во пчелините призводи , едни кои тврдат дека е карценогена и несмее да се употребува во лечење на пчелините семејстава од вароа до оние кои тврдат дека ја има повеќе во пчелините производи од  пчелини семејста кои не се третирани со оваа киселина.
Вистината како секогаш е некаде помеѓу овие две крајности треба да се внимава кога и колку се користи оваа хемикалија за справување со овој убиец на пчели.

ЗАБЕЛЕШКА Прочитајте и следете ѓи СИТЕ инструкции од производителот. Информациите во оваа табела можат да се променат. Употреба е на свој ризик.

Производ (Шекрен сируп - 600 грама шекер-600грама вода 36 грама оксална киселинатоплина.Сирупот при употребата треба да биде млак до 350Ц)

(Активна состојка) Оксална киселина

Ефикасност за Вароа
98% или поголема .Вароа Деструктор не може да развие отпорност на овој производ. Резултатите може да варираат.
Механизам на акција
Раствор на шеќер и оксална киселина доведува до оштетување на ткивото на системот за варење кај крлежот. Значи, оксалната киселина ја уништува способноста на крлежите да се хранат со линфата на пчелите и крлежите прегладнети  умираат.
Температурна зависнсост?
Од 5 до 100 Ц
Најдобри резултати, раствотрот ќе постигне доколку се применуваат кога  во пчелиното семејство нема легло и кога тоа се наоѓа во клубе.
Ефективни на други штетници?
Непознати!
Отстранување на медишта за време на  лекувањето

Не третирајте кога медиштата се поставени на пчелините семејстава.  
Дозирање
Раствор на шекер и вода 600 гр шекер и 600 мл вода
Пчелини семејства     Прострор зафатен со пчели     Количина на растворот     Грам киселина во растворот    
слаби                   Помалк од еден ЛРспрат                  30 мл                                         1,08    
средни                            1 ЛР                                    40 мл                                         1,44    
силни                      Повеќе од 1 ЛР спрат                   50 мл                                         1,80    

Белешки
БЕЛЕШКИ: 1) Носете ракавици,маска и наочари при ракување .Најдобро е да третирате во неомври или почеток на декември кога температурите не се пониски од 5 ниту повисоки од 10 степени а пчелиното семејство нема легло и се наоѓа во клубе.

Текстот е отворен за дополнителни прашања, мислења и надополнувања !

Последна промена на Понеделник, 06 Март 2023 22:18
 
Коментари (4)
Pred dva dena vrsev tretiranje na pcelite so oksalna. Edinstveno sto vnimavav e koga kiselinata e vo kristal i togas, nabrzina ja rastvorav vo sekerniot sirup. A, za koristenjeto na rakavici,maski i naocari, mislam deka nema potreba, se razbira dokolku se raboti vnimatelno.
3 Понеделник, 11 Ноември 2013 17:34
trifonovhristo@abv.bg
В Австрия използват 15 гр оксалова киселинна и 15 гр лимонена киселина и някой етерични масла на 1 литър захарен сироп.


УСПЕХ НА ВСИЧКИ ПЧЕЛАРИ
2 Недела, 30 Декември 2012 19:46
petar popovski
pred dva dena postaviv prasanje
za satni osnovi so dimenzii 400x300mm
kontakt tel 076 828 046
1 Среда, 01 Февруари 2012 14:28
Стојанче Змејкоски
Дали мелениот Уров (Кафе)е природен ефикасен лек против вароата кај пчелите?
yvComment v.1.19.3