Поздрав од Кратово Печати
Напишано од Ацо Тодоровски   
Среда, 08 Декември 2010 16:57

Денес на 08/12/2010 во Кратово вемето беше како рана пролет.Температурата напладне беше околу 200Ц а пчелините семејства излегуваа на прочистен излет или за поместување на клубето кон рамките со мед.На вароа мрежните подници под мрежите можеше да се забележи восочни отпадоци што зборува за трошењето на медот и отклопување на дел од медните венци.

Топлото време кое траеше скоро цела есен ја зголеми потрошувачката на мед во споредба со просечната потрошувачка на мед во декеври.Меѓутоа овие температури овозможуваа редовно прочистување на пчелите со што во нивните абдомени немаат натрупано несварливи материи и измет и се спремни полесно да поднесат и  многу ниски температури.

Сведоци сме на климатските промени и се чини дека Македонија има изменети климатски типови. Заладуванјата настапуваат дури при крајот на месец декеври а траат дури до Мај а понекогаш и јуни а потоа  доаѓа до нагло затоплување и екстремно високи температури со што медоносните растени брзо прецветуваат.При крајот на јуни веќе имаме сушен период кој трае до октови.Тоа значи дека периодот на активната медоносна паша трае едвај месец дена а често е и пократка и трае од две до три недели.

Во вакви услови мора многу да се внимава на залихите на храна во кошниците на само на мед туку и на полен.Пчеларската вага е многу корисна на пчеларникот на која можеме многу едноставно да ја видиме потрошувачката на храна во овој период.

На пчеларникот се забележува и по некј расцветан масалачак што подсетова на април а не на средина од декеври.Со ова фотографија снимена на 08/12/2010 год. го завршувам мојот извештај и срдечно ве поздравувам .

Очекувам и вие да ми се јавувате со извештаи од вашитепчеларници .Поздарв!

Последна промена на Сабота, 15 Јануари 2011 12:53
 
Коментари (1)
1 Четврток, 09 Декември 2010 16:37
Nikola
Bidejkitemperaturite se zgolemeni odprosecnite vo ovoj period se zgolemuva i potrosuvackata na hrana.Dali e dobro da se dodavat vo ovoj periodpogaci i dali nekoj ima recepr za pogaci

Pcelarski pozdrav
Nikola
petkovnikola24@yahoo.com
yvComment v.1.19.3