Декларација за зачувување на медоносните пчели Печати
Напишано од Администратор   
Четврток, 07 Октомври 2010 21:45
На 1та Интернационална Конференција на пчеларските организации одржана во Лашко (Словенија) на 27 Септември 2010, на иницијатива на Словенечката пчеларска асоцијација, представници на долупотпишаните пчеларски асоцијации востановија дека:

1.    Треба да се усвојат адекватни мерки за заштита на пчелата, преку признавање на Апис мелифера за загрозен вид;
2.    Треба да се преземат повеќе фокусирани м ерки посветени на намалување на користењето на пестицидите и за усвојување на подобри протоколи за хомологација на нови хемиски молекули;
3.    Треба да се зголемат напорите насочени кон обука на пчеларите и подигање  на свеста преку кампањи чија целна група треба да биде пошироката јавност;
4.    Треба да се промовира пчеларството помеѓу младите;
5.    Треба да се подржуваат напорите насочени кон производство и контрола на квалитетни пчелни продукти;
6.    Треба да се подржува распространувањето на медоносни растенија како и зачувувањето на биодиверзитетот и
7.    Треба да се подржуваат активностите насочени кон олеснувањеето на детектирањето на причините за загуби на пчелните семејства.

Присутните делегати покренаа основање на работна група за заштита на пчелите, во склоп на Апимондиа (Интернационална Федерација на пчеларските асоцијации).
Своерачни потписи на представници на пчеларските асоцијации на:
1.    Хрватска,
2.    Романија,
3.    Словачка,
4.    Србија,
5.    Египет,
6.    Австрија,
7.    Република Српска,
8.    Украина,
9.    Аргентина,
10.    Словенија,
11.    Бугарија,
12.    Чешка,
13.    Данска,
14.    Ирска,
15.    Црна Гора,
16.    Франција,
17.    Босна
Превземено од  www.matica.mk
Последна промена на Понеделник, 25 Октомври 2010 21:22