Средба на пчелари во Пробиштип Печати
Напишано од Администратор   
Сабота, 20 Февруари 2010 11:24

На 19/02/2010 со почеток во 19 часот во просториите на гимназијата во Пробиштип се одржа средба на пчеларите од Пробиштип на која присуствуваше претседателот на пчеларскиот сојуз на Македонија Мирче Настоски и гости од ЗПГ Пчелар од Кратово.

Настоски одржа предавање за работите на  пчеларникот во месец март кое предизвика низа полемики и рекции од присутните пчелари.Настовски незаборави да истакне дека има вакви предавања снимено на ТВ и дека истите се на ЦД а нив присутните можат да ги купат веднаш по завршувањето на состанокот по промотивна цена од 500 денари.

Во основа Настевски ги промовираше шекерните погачи, повеќе пати нагласувајќи дека тој е производител на шекерни погачи за прихрана и истакнувајки дека на едно пчелино семејство треба да се стават до 5 вакви погачи во пролет и пет во есен.Почнувајки од јануари па до април и од авгус до декеври.Не пропушти да ги пофали своите пoгачи кои пчелите ги консумираат со голем апетит а погачите од други производители едвај да ги помирисуваат. Спомна и наш познат производител на матици кој експериментирал со неговите погачи и друштвата останале живи и здрави. Спомена дека  досега продал преку 10 000 кг. погачи.За другите бизниси не зборуваше многу.

Се постави прашање што прави сојузот во однос на збогатувањето на пчелината паша и пошумувањето со медоносни растенија.Наместо да го промовира бизнисот со шекерни погачи и антибиотици присутните побараа од претседателот на сојузот да вложи напори во добивање на проекти за збогатувањето на пчелината паша!

Се полемизираше и со ставот на Настоски за користење на фумагелинот како лек за ноземозата кој според него треба да се додава превентивно во пчелините заедници во есен.Од присутните беше речено  дека фумагелинот е антибиотик дека го нема кај нас да се купи легално и дека истиот се употребува исклучително во функција на евентуално леченје на заболени семејста од ноземоза а никако како превентива.Истиот е веќе забранет за употреба како и голем број други антибиотици,кои како резуди во медот се многу опаснио за човековото здравје!

Во фториот дел од состанокот Настоски зборуваше за активностите што ги превзема сојузот,истакна дека се заложиле за субвенциите во пчеларство и се избориле за  500 денари по пчелина заедница,критикувајки го ставот на некои пчелари кои биле на состанокот со министерството и кои барале повисоки субвенции! Следуваша прашанјето од присутните, чии интереси штити претседателот на сојузот и дали имал издржан предлог во кој се пресметани трошоците по пчелино семејство и колку реално би требало да изнесува субвенцијата за пчелина заедница !

Се дискутираше и за финансиската состојба во Пчеларскиот Сојуз на Македонија кој бил со блокирана смтка и се должни како сојуз за одржана манифестација за пчеларство,за која наводно тербало да плати министерството за земјоделие а тоа не го одржало зборот.

Тоа фигуративно го спореди со свадба па кога се најале и напиле сватовите и домакините веројатно   се разотишле ,па свадбата требало да ја плати кумот!Бидејки тој не ја исполнил ветената обврска ја блокирале сметката на невестата.

На крајот еден од присутните ги информираше пчеларите дека имаат покана како здружение да присуствуваат на состанок на 21/02/2010 во Кавадарци на кој се планира формирање на нов сојуз за кој се предлага да се вика СОЈУЗ НА ПЧЕЛАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Воедно ги објави имињата на поканетите здруженија тоа беа околу 6 здруженија.Зошто се формира сојуз со основичко собрание од само 5-6 здруженија без присуство на останатите пчеларски здруженија и зошто тоа се прави недоволно транспарентно и не е сеопфатно - необразложи.

Настевски посочи дека таа  иницијатива на мал број луѓе и здруженија  е пред се поради најавата на Прилив на Средства од странство за пчеларството.

Да се надеваме дека пак не се прави некоја свадба без младенци!

Очекуваме да бидеме демантирани и поканети на овие средби кои пред се се наменети за пчеларите и пчеларските здруженија а не само за интереси на одредени лица.

Да не заборавиме колку регионални и какви ли не сојузи се формираа во Македонија кои не беа доволно транспарентни и како тие завршија.

Македонските пчелари можеби се сиромашни но не се неуки.Тие знаат да ги препознаат вистинските и искрените иницијативи.

Останува да видиме какви се намерите на оваа иницијатива и кои ефекти ќе ги има врз пчеларството во Македонија.

А ние сме само обични одгледувачи на пчели во чие име  некои луѓе сакаат да го соберат медот.Но тоа тешко ќе им оди!

 

 

Последна промена на Вторник, 23 Февруари 2010 20:37
 
Коментари (3)
3 Понеделник, 08 Март 2010 23:39
Борче - Мак.Брод
Колега едно од здруженијата на кое не се сеќавате е Пцеларскопто друштво „Бро - Мед„ од Македонски Брод
2 Понеделник, 22 Февруари 2010 22:13
toni
може да се суди и однапред ;но факт е за не успехот на досегашната работа на федерацијата на фармери, кај беја досега сега му текна на господата па лугето се незадоволни и си бараат чаре .ЧЕСТИТКИ ЗА СОЈУЗОТ НА ПЧЕЛАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА.
1 Понеделник, 22 Февруари 2010 11:22
Васко Бт
Список на здруженија кои беа на Основачкото Собрание на СПЗМ:
Кавадарци, Битола, Виница, Куманово, Берово, Прилеп(2Здрузенија),
Скопје, Струмица,Пробиштип,Кочани,Гевгелија, и не се сеќавам на уште 2 Здруженија.
Значи ова не се 6 здруженија туку повеќе од половината во Македонија.
Покрај пчеларските здруженија во Сојузот се зачленаа и 4 фирми кои се занимаваат со опрема за пчеларството.
Поздрав
yvComment v.1.19.3