Медоносните пчели изумираат Печати
Напишано од Администратор   
Сабота, 23 Јануари 2010 23:08

Во прилог на натписот ја подржуваме и кампањата „Да ги сочуваме пчелите“ - пчеларскиот сојуз на Словенија од 22 мај 2010. „Без пчелите нема живот’

Изумирањето на пчелините заедници e поврзано со промените во вкупниот биодиверзитет. Намалувањето на бројот на медоносната пчела во многу земји може да биде предизвикано од намалена растителна разновидност, сугерира истражувањето.
Пчели хранети со  полен од голем број растенија имаат поздрав имунолошки систем од оние што конзумираат  поленот од еден тип , пронајдоа научниците.

Пишувајќи во списанието Биологија , францускиот тим вели дека кај пчелите треба да функционира имунолошкиот систем, со цел да ја стерилизира храната за колонијата.
Друго истражување покажа дека пчелите и дивите цвеќиња се во постојано опаѓање.

Пред две години, научниците во Велика Британија и Холандија се изјасниле дека разновидноста на пчели и други инсекти падѓа заедно со разновидноста на растенијата, храна на и тие инсекти.

Сега, Цедриц Алауџ и колеги од францускиот Национален институт за земјоделско истражување (ИНРА) во Авињон се следи можната за поврзаност помеѓу бројните диети на пчелите и силата на нивните имунолошки системи.

"Ние сме откриле дека пчелите што се хранат со мешавина на пет различни врсти полен имаат повисоко ниво на гликоза оксидаза во споредба со пчели храни со полен од еден тип на цвет, дури и ако поленот од тој цвет има повисока содржина на белковини," изјави тој за БиБиСи Њуз.
Пчелите треба да консумираат природна храна мед и полен од разновидни билки (пергла) за да можат да одгледаат ларви отпорни на микроби.

" Тоа ќе значи дека тие имаат антисептички подобра заштита во споредба со другите пчели, и така ќе бидат поотпорни на патогенот инвазија", вели д-р Алауџ.

Пчели хранети  со пет врсти на полен , исто така, произведува повеќе масти од оние што  јадат само една врста - повторно укажува на посилен имунолошкиот систем, затоа што инсектите создаваат  анти-микробни хемикалии во масти на нивните тела.

Превод од англиски А.Тодоровски

Последна промена на Сабота, 26 Мај 2012 20:56