ИПАРД |
Напишано од Администратор |
Недела, 06 Декември 2009 11:45 |
ИЗРАБОТЕТЕ ГО СВОЈОТ ПРОЕКТ ЗА ИПАРД ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ ИПАРД, европската претпристапна програма на Европската Унија за унапредување на руралниот развој и подигање на стандардите во земјоделското производство од декември оваа година е достапен и за македонските земјоделци и преработувачи. За искористување на европските фондови “тешки” 20-тина милиони евра потенцијалните корисници треба да изработат квалитетни проекти и да ја набават потребната документација.На дводневната отворена обука “ИЗРАБОТЕТЕ ГО СВОЈОТ ПРОЕКТ ЗА ИПАРД ПРОГРАМАТА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ” учесниците ќе се запознаат со: · Основните принципи за финансирање на ИПАРД · Кои се постапките за апликација, каков проект треба да се достави? · Какви се критериумите за одобрување на финансиски средства, постапките за потпишување на договори и барањата за исплата по одобрените проекти? · Потребна документација за сопствената инвестиција која што треба да ја обезбедат во процесот на апликација за финансиските средства од ИПАРД ? ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА? · Субјекти од примарно земјоделство · Преработувачи на земјоделски производи · Правни субјекти од областа на руралниот туризам и занаетчиство ШТО ДОБИВААТ УЧЕСНИЦИТЕ? · Учесниците ќе имаат можност да направат предлог-проект за инвестирање за сопствените фирми и да изготват буџет врз основа на барањата од ИПАРД критериумите и инвестициониот проект за ИПАРД програмите. · Информации за стандардите на работење и квалитет кои треба да ги исполнат пред апликацијата · Информации за расположливи кредитни линии за финасирање на инвестициите пред кофинасирањето од ИПАРД фондот ПРЕДАВАЧ МАРИЈА РАЈКОВЧЕВСКА е сопственик на консултантската компанија Агроменаџер , МС ДООЕЛ. Таа има осум години работно искуство како консултант и тренер за изработка на бизнис планови и инвестиции во земјоделството. Искуство го стекнува на проекти на Светска Банка, ИФАД и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство . Досега има советувано 70 мали и средни претпријатија од секторот земјоделство и преработка на храна и 200 производители од примарното земјоделство за финансиски поддршки и имплементација на стандарди. Од 2007 година учествува на повеќе обуки за изработка на проекти за искористување на ИПА и ИПАРД европските фондови. МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ Мулти Бизнис Центар, Скопски Саем ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ 10 и 11 Декември 2009 ОРГАНИЗАТОР Капитал Бизнис Форум ЦЕНА И ПОПУСТИ 14.500 денари + ДДВ · Сите претплатници на Капитал имаат 10% попуст · За секој нареден учесник од иста компанија следуваат дополнителни 10% попуст · Сите студенти имаат 35% попуст на обуката ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ОБУКАТА: телефон: 02 2551 441 е-маил: nikolova@kapital,com.mk web:www.total.com.mk/konferencii |
Последна промена на Понеделник, 22 Јули 2013 20:22 |