Субвенции за пчелини семејства 2009 Печати
Напишано од А.Т.   
Петок, 22 Мај 2009 22:03

 
За поднесување на Барањето за користење на средства од програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2009 година кое се поднесува до Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството до 31/05/2009 треба во прилог да содржи две фотокопии од лична карта две фотокопии од трансакционата сметка и две фотокопии од

потврдата издадена од ветеринарна станица со која се потврдува дека поседуваш одреден број пчелини семејстава за која бараат да се платат 40 денари за изброено пчелино семејство.Иако имаше информации дека нема да се плаќаат 40 денари за броење на семејствата,ветеринарните станици доколку не платите за преброените семејства 40 ден од семејство не издаваа потврди. Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството задолжително кон Барањето за користење на средства од програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2009 година бараше да се достави потврда за изброени семејства од Ветеринарна станица.Значи останува дека мора да се платат 40 денари по пчелино семејство.

 

Последна промена на Петок, 16 Октомври 2009 21:15
 
Коментари (1)
1 Четврток, 06 Август 2009 11:24
Паланчански
Имам информации дека на некои места се плаќало по 20 - 25 денари по пчелно семејство. Дали е точно - не знам. (Куманово - 20 денари; Битола - 20 денари; Тетово - 25 денари..)
Во крива Паланка не само што плативме по 40 денари, туку не праќаа кај одредено лице да ги пополни формуларите, се разбира со надокнада. На некои им земаа 50 денари, на други 100 денари. Мене ми зедоа 80 денари. А ваму тврдат дека стручните служби се должни да дадат бесплатни совети.
yvComment v.1.19.3