Субвенции за пчелини семејства 2009 Печати
Напишано од Администратор   
Четврток, 23 Април 2009 22:09

  Добивме информација пред  неколку дена  дека за броење на сандуците за субвенциониранје, ветеринарите ќе наплаќаат по 40 ден. Пчеларите и онака не беа задоволни од овогодисното покачување на средствата наменети за субвенции во пчеларството, во однос на останатите гранки во земјоделието, па сега уште и плаќањето за броење на пчелините семејства , кое сметаме дека е скапо.

Како за пример, ветеринарите наплаќаат за ставанје маркица и вакцина  100 ден по грло добиток. Овие денови се организираат сите пчеларски здруженија заеднички да се состанат со претставник од министерството за земјоделие.
Се известуваат сите пчелари  да не избрзуваат со пријавуванје на пчелните семејства додека не се разреши оваа ситуација.

Информира,Нашиот почитуван  соработник  

Васко Карадаковски
    НЕКТАР- Битола

Последна промена на Понеделник, 27 Април 2009 16:50
 
Коментари (1)
1 Понеделник, 27 Април 2009 07:25
Васко
Во разговорот со министерот за земјоделие беше кажано дека за броење на сандуците нема да се наплаќа, по 40 ден ќе се наплаќа за преглед од болести. Значи останува како и минатата година.
yvComment v.1.19.3