Мислење Печати
Напишано од А.Т.   
Среда, 28 Јануари 2009 23:04

Зголемената индолентност  на интелектуалците дава огромен простор на алчните да се размавнат.Тие ја користат  доктрина која не негува правилен однос кон човекот туку се заснова на страв, на заплашување, на авторитет,кои не дозволуваат  слободна волја и слободен разговор.

Зошто демократските земји се многу поефикасни од нашата земја? Затоа што имаат подобар пристап, затоа што многу работи се развиваат преку мотивација ,преку игра,каде човекот може слободно да ги испитува своите потенцијали и нив да ги пренесе на некои креативни терени.

Ние како народ дозволивме да паднеме во сите свери на човечкото живеење и да го допреме дното. Сега сме на дното и молчиме. Незнаеме зошто понатаму се молчи и ништо не се менува. Ајде да направиме еднаш навистина да ни биде добро, да го кажеме нашето мислење, да делуваме слободно.

 

 

 

Последна промена на Недела, 22 Март 2009 11:23