Оданочување на пчеларите - мислење Печати
Ниво на корисникот: / 7
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Прашања и одговори
Сабота, 26 Декември 2009 16:33

Во месец декеври 2009 УЈП одржуваше собири по општините со земјоделците со цел да им ја објаснат постапката и процедурата при паушалното оданочување.

Колку што можеме да разбереме од она што УЈП го предлага ,паушалното оданочување ќе изнесува 10% од основицата која се добива кога од вкупно остварениот приход се минусираат 80% реални трошоци неземајки ги како приход доделените  субвенции. Меѓутоа остануваат многу недоречености посебно за оданочувањето на пчеларството. Како ќе го утврдат вкупно остварениот приход. Од кои пари да платиме данок доколку медот е во магацините, доколку и таму го има.Незнам ,,дали некој,, знае дека медот е стратешки производ. Дали ,,некој знае,, дека природниот мед  доколку е добро амбалажиран може да остане во кристализирана состојба неограничен број години. И сега го оданочуваат производителот а  вештачки мед од Бугарија на црно масовно продаваат.

Дали ,,некој го знае ,, значењето на пчелите во процесот на опрашувањето на растенијата и доколку ги нема пчелите приносите во овоштарството, лозарството, и други земјоделски култури повеќекратно ќе се намалат. Дали  од УЈП знаат како се одржуваат пчелините семејства и кои се трошоците за да може во просек едвај 10 кг мед да се исцентрифугираат а  за други пчелини производи нетреба да зборуваме.

Последните години поради неповолните климатски услови, од 50 зазимени пчелини семејства едвај половината од зимата излегуваат доволно силни за да се продуктивни.Останатите семејства бараат дополнителни трошоци за да успееме да ги одржиме во живот. Дали некој направил калкулација за да може да види колку профит останува за пчеларот. 

Сандук и опрема 8000 денари 20 години амортизација.........................400 денари годишно по кошница

Обновување на восочните рамки  4 * 55 денари една сатна основа.......220 денари годишно по кошница

Шекерно медни погачи и сируп 5кг*100 денари ..................................500 денари по продуктивна кошница

Матица селектирана 1000 денари / 2 години........................................500 денари

Лекови 10 супер стрип 250 ден  2*15 ден.............................................50 денари

Работни часови во годината 10*100 денари за работен час................1.000 денари

Општи трошоци гориво амортизација и др. просек ...............................600 денари

Трошоци за Амбалажа тегла етикетирање годишно...............................300 денари

Маркетинг и продажба 10% од цената 20 ден по кг..............................200 денари по кошница

Образование семинари ,саеми изложби предавања.................................30 ден по кошница

 --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Вкупен трошок по кошница..............................................................3.800,00

  50 кошници *3.800,00 = 190.000.-  /500 кгр мед цена на чинење на килограм мед =380.00денар.

Производство на мед од 50 пчелини семејства во просек  10 кг......... 500,00 Х200 ден =100.000.-

Продажна цена на кг мед 200,оо денари

Загуба од 180*10 кг=1800 денари годишно по кошница или вкупно =90.000,00 денари годишно за 50 пчелини семејстав .

За да ја покриеме загубата со субвенциите треба да бидат најмалку 1.800,00 денари по кошница.

За да бидете конкурентни на пазарот треба од една кошница да исцентрифугирате просек од 19 кг. по кошница и во тој случај вам би ви останало само надоместокот на вашиот труд и тоа 100 ден.за работен час  а тоа е околу =50.000,00 денари годишно.

Ова пресметка покажува зошто во Македонија пчеларство е хоби и е само дополнителна дејност. 

Тогаш зошто пчелариме?

Одговорот е платонски. Од љубов кон овој благороден инсект! Од желба да произведат некој килограм природен еколошки чист мед за свото семејство!затоа пчеларат чесните пчелари.

Но оние кои користат тони сахароза, гликоза, кои ги мешаат медовите, препродаваат ефтин ,,мед,, за нив е сосема поинаква математиката.Тие не се даночни обврзници и никаде не се евидентирани. За жал тоа е вистината колку и да сурова. Затоа нема да има напредок во пчеларство во Македонија. Но Медарите навистина ќе профитираат со високи профити.

Уште едно прашање - Каде се другите пчелини производи?

Одговорот е едноставен и произлегува од прашањето - на пример- Колку млеч произведувате од една кошница.Само реално - Колку? Колу прополис? Колку полен? Колку восок? А колку додатни трошоци, додатна опрема и работни часови треба да вложите? Ќе ја постигнете ли пазарната  цена?

Каде се роевите ? Ако разроите една пчелина заедница нема повеќе мед ниту од разроената заедница ниту од ројот.А колку додатни средства се потребни за кошница ,прихрана, трошоци за сатни основи и колку работни часови од ројот да направите продуктивна заедница т.н.

За матиците нетреба да зборуваме производството на матици бара голема стручност и екстра вложувања за опрема  за прихрана на ангажираните кошници ,трошоци за оплодниците и многу додатни рабтни часови  на пчеларникот и т.н. 

А што ако на крајот на зимата имаме повеќе од 20% загуби што и не е така ретко последните години кој ќе ги покрие тие трошоци?

Што доколку пчеларот во сезоната на роење има здравствени или други проблеми па голем дел од роевите избегаат, а голем број на производни заедници останат значително ослабени.

Кој ќе ни одговори, како да се справиме со климатските промени (периодот на интензивно медење последниве години не е подолг од 15 дена),

Како да се справиме со пчелините болести (Во Македонија немаме ни еден регистриран лек за пчелини болести) , пред се вароата и америчката трулеж, а тука е и ноземозата и кречното легло и други болести . штеточини.

Кој ќе ги покрие трошоците доколку пчелите бидат иструени поради несоодветна употреба на пестициди и инсектициди на овоштарниците и другите земјоделски култури?

Колкави се штетите по пчелините семејства кога се прска против комарците?

Кој со тоа се занимава,кој ги надополнува трошоците на целосно запалено пчелино семејство поради тоа што е заболено од американска трулеж?

Многу прашања!

А одговорот е еден! Никој!

Но кога треба да се оданочи чесен одгледувач на пчели е најлесно. Медарите и препродавачи на,, мед,, е многу,многу потешко да се оданочат. 

 

 

 
Коментари (5)
poz
5 Вторник, 11 Мај 2010 22:44
trajce
pod itno seriozno razgleda stimuliranjeto na pcelite i da se dadat od 800 - 1000 den. po pcelno semejstvo kako vistinski bi imal efekt ovoj plan za razvoj na pcelarstvoto,inaku ne odnese matna voda.
4 Понеделник, 15 Февруари 2010 20:09
Daniel
само во Македонија ги оданочуваме тие што произведуваат а не тие што профитираат најмногу
во нашиов случај субвенциите што се користат е како мамка за пчеларите за да се фатат да плаќаат данок. Сето тоа е во ред но дали државата ќе има слух за пчеларите во годините во кои имаме загуби во работењето тогаш како ке платиме данок???
тоа оданочување треба да биде симболично и да се остварува процентуално со остварениот приход како и секоја друга ејност ако државата не најде механизам за да го реши тоа како може да плаќаме исто и тој што има 200 кошници и тој што има 10 кошници
3 Сабота, 06 Февруари 2010 21:33
Васко
Иницијативниот одбор составен од претставници на девет пчеларски здруженија денес во Скопје одржа состанок. На состанокот е формирано работно тело од 5 члена кои ќе ги спремат материјалите за ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ кое ќе се одржи во Кавадарци на 21 Фебруар. Прифатен е предлогот новоформираниот сојуз да се вика
СОЈУЗ НА ПЧЕЛАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА НА МАКЕДОНИЈА (СПЗМ)
На Основачкото собрание право на глас имаат ОВЛАСТЕНИ претставници на пчеларските здруженија.
За информации и пријавување за учество здрузенијата да се јават кај Марјан Дончев (претседател на ПЗ ПЧЕЛА-Виница)
Е-маил : daskaldoncev@yahoo.com

Поздрав Васко од Битола
секретар на ПЗ НЕКТАР-Битола
2 Петок, 29 Јануари 2010 18:43
Душко
Јас, воглавно се согласувам со паушалното одданочување на пчеларите, онака како што е донесен законот. Меѓутоа, мислам дека и државата кога го носеше овој закон, требаше активно да се вклучи и да направи нешто за пчеларството. А, тоа во смисла на обезбедување пазар и организиран откуп на мед и други пчелни производи и тоа по некоја разумна цена, на пр.3 евра по кгр. мед. Во тој случај, ние пчеларите ќе знаеме на што сме, а и тоа би ни било и одредена стимулација за поголемо производство и за нас и за самите откупувачи, кои исто така би го нашле својот интерес.
1 Недела, 27 Декември 2009 20:50
Zoki
Se e taka vo komentarov!neka ne oddanocat,i dajBoze neka ni trgne drzavava_ako e do nas pcelarite!!! No da ne zaboravime deka vo U.S.A. ako nekoi zemjodelec saka pcelite da mu go oprasat negoviot ovostarnik, na pcelarot mu plaka od kosnica samo pcelite da gi donese na ovostarnikot! A vo R.Makedonija???!
yvComment v.1.19.3