BBC Печати
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Болести кај пчелините
Сабота, 24 Април 2010 13:13


       Еве обновување на една тажна приказна која се почесто ја слушаме, предизвикува многу грижи кај пасионираните пчелари, бидејќи тоа и може да стане најголем проблем во наредните години.

      Нештата стануваат сериозни во земјоделството посебно во опрашуванјето на растенијата и овошките и фуражните култури во САД, а тука се и слични извештаи од поголем број  земји во Европа.
     Исчезнуваат  милијарди пчели работнички, а не ја знаеме причината за тоа ниту начинот  како да им помогнеме.

     Тажната мистеријата околу исчезнувасњето на медоносната  пчела - која е витална компонента во земјоделството - почнува да ги загрижува  дури и највисоките слоеви на политичката елита  во Вашингтон а неоддамна и во Европа!.

     Пчеларите треба да го искористат овој момент за да ги актуелизираат состојбите во пчеларството воопшто."Има многу конгресмени кои сакаат да знаат што се случува со пчеларството и медоносните пчели.
,,Да се надеваме дека и нашите пратеници ќе се заинтересираат за состојбите со медоносните пчели во Македонија и тоа сериозно ќе го сватат. Затоа што и синдромот е  сериозен а тоа е така наречениот  - ББЦ синдром . Треба да се направи стратегија за заштита од овој синдром пред тој со целата жестина да се манифестира и во Македонија! ,,- коментар од преведувачот.    
Синдромот има невидено брз ефект. Во текот на една недела мнозинството од пчели во погодената колонија ќе избегаат од кошница и исчезнуваат, ќе отидат да умрат на друго место. Во кошниците остануваат мал број на медоносни пчели кои се  енормно заболени - тие имаат "огромно патогено оптоварување", велат научниците. Но, зошто? Никој уште не знае. ...  болеста покажа сосема нов сет на симптоми ", која изгледа дека не одговара на  нешто што е познато во литературата", изјавуваат  ентомолозите.
Испитувањата  на неколку пчели  внатре во заболената kошница носеа "огромен број на патогени организми, носеа пет или шест вируси, како и габични инфекции . Поради тоа се претпоставува дека имунолошкиот систем на пчелите "беше потиснат на некој начин.
Уште нема конкретни докази за тоа што убива  милиони и милијарди пчели  ширум светот, но постојат многу нагаѓања.
 Постојат многу теории што како и колку влијае за појавата на овој опасен синдром, но г-дин Хацкенберг силно се сомнева дека новите врсти на никотин базирани пестициди се виновни.

 

      "Ова се случува бидејки медоносна пчела стана жртва на овие инсектициди, кои се наменети за други штетници", рече тој. "Ако ние на оваа појава не реагираме  вистински брзо, ќе имаме вистински проблеми при  снабдувањето со храна."

  Керон тврди дека новата класа на пестициди користени на растенијата, наречени неоницотиноидс, Иако директно не  ги  убиваат пчелите,  го отежнуваат нивното чувство за насока. Тоа ја  отежнува можност да го пронајдат својот пат назад до нивните кошници.   
  Бидеји нема мртви пчели пронајдени во близина на пчеларниците само ја продлабочува оваа мистерија.
    "Пчелите  се само жртви на  голем број болести во исто време ", рече Џим тењ, експерт за пчеларството во ОСУ. "Тоа изгледа како општ стрес и масовен колапс."

    Слични исчезнувања се случиле и порано . Тењ рече дека се сеќава на ваквата појава во 1960-тите. Тогаш, беше наречена "исчезнување болест."

    "Тоа беше потполно  исто", рече тој.

    Но денес овој синдром ,рече Керон, очигледно предизвикува  колапс  многу побрзо  и е пшироко распространет.

    Цобеѕ рече дека тоа би можело да биде од премногу  лошите временски услови, хемикалии, паразити, вируси.

    "Ако им дадеме една од овие работи, тие ќе се справат со тоа", рече таа. "Но, сите овие нешта одеднаш , за медоносната пчела е  премногу и неможе лесно да се прилагоди!
Огромен монополски економски системи и специјализации, ширењето на предградија низ природно живеалиште на медоносните пчели и отстранување на природна разновидност може да биде исто така сериозна причина за ББЦ. Пчели се сместени заедно во милиони, како во фабрика во облик на фармерски тип на животната средина но пчелата е поразлична  од нашите кокошки и други животни . Многу од овие пчели се транспортираат за да извршат поленизација  во насади и фарми во земјата. Денес тие се во контакт со разни супстанции, тие не можат да се справат  со - пестициди, хербициди, антибиотици, и поленот од генетски модифицирани растенија. Истражувачите се обидуваат  да најдат одговори, а пред нас е  пролетта сезона ,времето истекува.

    ... научниците се многу загрижени, не само затоа што не постои очигледна причина за болеста туку уште повеќе затоа што не постои начин на справување со неа.


Ако некои од нашите читатели имаат повеќе информации на оваа тема, ве молиме пратете ѓи тука!

Од Англиски превел Ацо Тодоровски!