Дрен Печати
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
Сабота, 10 Јануари 2009 18:05

Дрен(Cornus mas) е листопадна грмушка или ниско дрво со заоблена густа крошна. Расте секаде,а најповеќе по суви сончеви и камененити страни на светлите листопадни шуми заедно со други грмушки . Се одгледува и во во градините и во парковите поради убавите жолти цветови и хранливите плодови.

Најкорисен е во близина на пчеларниците каде треба да се одгледува.  Најдобро успева на варовничко топло и суво земјиште.Не  бара  длабоко земјиште .Цветовите  се жолти и се јавуваат пред појавата на листовите.

Како и леската изобилува со поленов прав. Претставува посигурна пчелина паша од леската. Тоа е така бидејки температурите на почетокот на март се постабилни . Периодот на цветање на дренот е околу 15 дена. Дренот има  огромно значење за разојот на пчелината заедница. Имајки во предвид дека за развој на пчелиното легло е неопходна перглата, која пчелите ја  добиваат со преработка на  поленот, раната поленова паша е извонреден биостимулатор за активирање на пчелината заедница и интензивно несење на матицата.
Лековити се неговите плодови од кои се прават сокови,пекмези и др.
 
Коментари (1)
1 Четврток, 02 Април 2009 19:26
Администратор
Дрен,Кратово
почеток на цутење 20/03/04, 22/03/05, 25/03/06, 01/03/07, 08/03/08
полно цутење 25/03/04, 28/03/05, 30/03/06, 10/03/07, 14/03/08
2009 почеток на цутење 15/03/2009, полно цутење 02/04/2009
и покрај долгата фенофаза на цутење пчелите поради ниските температури неможеа да го искористат полемот од дренот кој е многу значаен за пролетниот развој на пчелиното семејство.
2010 почеток на цутење 28/02/2010,полно цутење
yvComment v.1.19.3