Клима - ветер Печати
Ниво на корисникот: / 9
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Климатски промени
Недела, 29 Март 2009 00:59

Ветровите имаат големо влијание на лачењето нектар од растенијата . Топлите  и суви ветрови само за миг можат да го запрат обилното медење на одредени билки и да  го забрзаат нивното прецветување.

 

Ладните и силни ветрови ја успоруваат работата на пчелите што исто така ги намалува приносите на мед и влијае на другите активности на пчеларникот.Во студените зими,  северни ветрови се вистинската опасност за пчелините семејстава бидејки температурата миожат да ја симнат и под -20 степени целзиусови кога и масовно страдаат пчелите кои се на периферијата на пчелиното клубе.Поради тоа пчеларниците треба да се лоцираат во заветрини, посебно заштитени од северниот ветер. Најчесто пчелите се лоцираат покрај меѓи багреми и каде природни препреки го намалуваат  дејството на ветерот на пчелините семејстава . Меѓутоа во одредени случаи пчелите се заштитуваат и со поставуванје не вискоки дрвени огради околу пчеларникот за да штитат од северните и западните студени ветрови.Пчелините сандуци можат да бидат поставени и под настршници , во колиби и камиони како што е случај со АЖ кошниците каде влијанието на неповолните ветрови значително е намалено.Пчелините сандуци  од ветровите можат да се заштитат и со обвивање со хартија или специјални пластични обвивки .

Во последните неколку години Кратовскиот регион е изложен на ладни пролетни ветрови посебно во март, април и мај што го забавува развојот на пчелината заедница, зголемувајки ја смртноста кај пчелите излетнички посебно кај слабите заедници кои имаат потреба од општење со околината и во многу неповолни услови.
29/03/2009 недела, Кратовскиот регион е зафатен со силен јужен ветар ,кој го спречува излетувањето на пчелите,облачното време и релативно ниската температура донесе уште еден лош ден за пчелие и нивниот пролетен развој. Опасноста од големи губитоци на пчелините семејства се зголемува имајки ја во предвид замената на пчелите што треба да се изврши во април старите пчели ќе изумираат а млади пчели речиси и да нема излежани.


Во Македонија најзначаен ветер е Вардарецот. Тој дувава во повардарјето вопериодот од есен до пролет но дува и во лето иако во помал интензитет. Струењата на студен и сув воздух доаѓат од Шар Планина и минуваат покрај вардарската дол

ина кон Солунскиот залив намалувајки ја темпратурата.
Југо - е струење на воздушната маса во обратен правец од Вардарецот топол е и сув и дога од сахара во Африка. Проаѓајќи над средоземното и Егејското море се заситува со водена пареа, која подоцна се претвара во врнежи од дожд кои најчесто паѓаат во јужните делови на на нашата држва Ѓевгелиско Валандовската котлина ).Дува во пролет и есен а познат е и како Развигорец.

Западните ветрови дуваат со помала зачестеност ,бидејки се спречуваат од високите планини во западниот дел на нашата земја.
Локалните ветрови се јавуваат во котлините и тоа во летните месеци со дневно ноќен период , како што се : Струмецот , Јелошник,Белички , Северен и Оточен во Охридско струшката котлина ,Пелистерец или Планинец во Битолско поле.
Средната брзина на поважните ветрови во Македонија изразена во километр на час се движат од 90 до максимум 120 км на час.

 
Коментари (1)
1 Недела, 16 Април 2017 20:06
Mama Mia Piceria
Mi se dopagja ova
yvComment v.1.19.3