Пчеларство -Предлог програма на ФФРМ Печати
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Правна регулатива
Четврток, 07 Јануари 2010 16:28

ПРЕДЛОГ ПРОГРАМА ЗА
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
ЗА 2010 ГОДИНА НА ФЕДЕРАЦИЈАТА НА
ФАРМЕРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дел кој се однесува на пчеларството

VI Пчеларство
Предлог мерки:
2.17 Финансиска поддршка по регистрирано презимено пчелно семејство
2.18 Финансиска поддршка за подигање на нови површини под медоносна
флора ( фацелија, еводија и багрем).

Според статистичките податоци во 2000 бројот на пчелни семејства
изнесува 75.481 додека во 2007 година тој број бележи опаѓање на вкупно
58.307 пчелни семејства и повторно зголемување за 3.398 односно на
61.705 во 2008 год. Видлив тренд на опаѓање има и при производството на
мед кога во 2000 година се произведени 1.087 тони мед а во 2007 година
699 тони и повторно мало зголемување во 2008 год. и тоа 775 тони. Вкупни
просечни трошоци за одгледување на 1 пчелно семејство изнесуваат 2.670
денари.
Според националните стратешки определби во периодот од 2007-2013
година треба финансиски да се поддржува пчеларството и да се овозможи
одржлив развој на пчеларството како алтернативен агро-бизнис кој ќе
обезбеди дополнителни приходи особено во напуштените средини или за
замена на традиционалните помалку конкурентни земјоделски активности.
Пчелите како опрашувачи значително придонесуваат за зголемување на
резултатите во земјоделското производство, од што голема корист има
пошироката општествена заедница. Затоа би било сосема коректно, да има
зголемување на субвенциите кај пчеларите за проширување на овој
потсектор.
Пчеларите имаат многу благородна работа со која индиректно помагаат во
производството на храна и зачувување на диверзитетот на голем број на
ентомофилни растенија.
Во таа насока стратешките определби се за поддршка на пчелните
семејства, набавката на матици и за развој на производството на мед
поддршка за подигање на медоносна флора.
Според податокот за реализација на програмата за 2008 год. за оваа мерка
биле потрошени повеќе средства од предвидените и тоа за околу 107.000
Предлог за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 год.
34
пчелни семејства а статистиката покажува дека имаме само 61.705 во 2008
година.
2.17 Финансиска поддршка по регистрирано презимено пчелно
семејство
Предлог на ФФРМ:
Зголемување на висината на финансиската поддршка по однос на оваа
мерка во вкупен износ од 1.500 денари по пчелно семејство.

Предлогот кој се дава ги зема во предвид висината на транспортните
трошоци кои се неопходни во процесот на одгледување.
Критериум:
минимум 30 пчелни семејства
Бидејќи во текот на реализација на субвенциите за 2009 година се појавија
многу неправилности во врска со издавањето на потврдите за бројната
состојба на пчелните семејства, ФФРМ бара овој критериум да се
исклучи за наредната година и да се пријавува бројната состојба само
од страна на фармерите во апликациите а да се врши контрола од
страна на инспекторите по случаен избор. Според известувањето од
Ветеринарната Управа дека одбележувањето на пчелните семејства ќе
започне од крајот на оваа година, тоа подразбира дека овој критериум се
бара до завршувањето на овој процес.
2.18 Финансиска поддршка за подигање на нови површини под
медоносна флора ( фацелија, еводија и багрем)
Намалување на критериумот од 35 на 30 будејќи и се поддржуваат
презимените пчелни семејства со минимум критериум 30.
Предлог на ФФРМ:
Критериум:
- за пчелари кои поседуваат минимум 30 пчелни семејства,
- посеана или засадена површина на минимум 0.2 ха,
Висина на поддршка:
-2.500 ден/ха и 8 ден/ садница

Извадок од предлог Програмата на  ФФРМ