Приходи од пчеларењето Печати
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Менаџмент во пчеларството
Вторник, 19 Јануари 2010 13:51

Гледано од економска страна пчелините семејства се сметаат како основно стадо,Сандуците и опремата како основни средства а шекерот лековите сатовите како обртни средства.

Штети од присуство на глушец во кошницата! Пчеларник с.Филиповци - Кратово

Доколку сакаме реално согледување на приходите од пчеларењето треба да изработиме вистински биланс на средства и извори.

 

На приходи и расходи,земајки ги во предвид отписите од основните средства трошокот за обртните средства ,трошоците за амбалажирање,етикетирање и продажба ,трошоците за превоз и амортизација на возилото ,надоместокот за вложениот труд и загубите во пчелини семејства од една страна - и остварените приноси од мед,полен,прополис,восок,млеч, како и прирастот во роеви од друга страна.Во овој контекст треба  да се напомене дека пчеларството како стопанска гранка е ниско акомулативна со просечна стапка од околу 17% на годишно ниво во период од 10 г,имајки во предвид големи осцилации на годишно ниво така да во одредени неповолни години може да биде помала и од 7% а во екстремно поволни години  до 30%.Стапката зависи и од територијата на која е лоциран пчеларникот, од начинот на пчеларење дали се пчелари стационирано или пчеларникот се сели.Ова зборува дека ивестициите во пчеларството се долгорочни неизвесни и со мала акумулативнос и големи осцилации.Инвестирање на кратки рокови се економски неоправдани и  неисплатливи.

 

Горенаведените  стапки на акумулативност се од пред 20 години. Денеска кога се повеке се срекаваме со проблемот на глобалното затоплување и климатските промени , кога период на главната медоносна паша е сведен на две до три недели кога   вароата  станува резистентна на се поголем број на лекови,со појавата на нови вирусни заболувања кај медоносната пчела ,овие стапки се многу помали.Поради тоа Ќе направиме нови истражувања за стапката на акумулативност за стационирано пчеларење на триторијата на с.Филиповци- Кратово и истите ќе ги објавиме  на сајтот.

Темата е отворена за ваши коментари и надополнувања!