Центрифугирање на медот Печати
Ниво на корисникот: / 14
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Конвенцијално производство
Сабота, 13 Јуни 2009 09:29

Медот пчелите го произведуваат од нектарот. Нектарот е слатка водена течност која ја лачат билните жлезди нектарии.Ги содржи скоро сите состојки кои се во медот но многу поразредени. Во нектарот има 40 до 60% вода а остатокот се шекери минерали и други состојки.

За да можеме да го центрифугираме медот собран во медиштата , влагата во него не треба да биде поголема  од   10 до 20 % .

Меѓутоа колку е помала влажноста на медот толку е погуст и поквалитетен и со поголема специфична тежина.Освен тоа медот со помала влажност доколку е херметички затворен нема опасност да скисне.Нејдобро е медот за центрифугирање да биде 90 до 100% поклопен и поради тоа што пчелите при преаботката на нектарот додаваат и некои состојки кои ги лачат од своите жлезди па потоа го поклопуваат.

Нетреба да се брза со центифугирањето на медот.Доколку во природата има нектар во изобилство може да се додаде уште едно медиште и да се сочека претходното да биде целосно поклопено па тогаш да се центрифугира.

Во литературата се среќава дека доколку 2/3 од рамот е поклопен медот може да се центрифугира,меѓутоа треба да се провери густината на медот во делот од рамката што не е поклопен, со едноставно свртување и стресување на рамката.Доколку и при поенергично стресување од рамката нема да тече нектар значи дека отворениот мед е во созревање и дека може да се центрифугира доколу 2/3 е поклопен.Сепак уште еднаш напоменуваме дека нетреба да се брза со центрифугирањето на медот и дека треба да се остави во кошницата да созрее и целосно да биде заклопен од пчелите.Ваквиот мед е со најдобар квалитет и најдолга трајност.

Центрифугираниот мед нетреба веднаш херметички да се затвора.Трба да се покрие со газа и да се остави извесн период да доферментира .Остатоците од восок и некои други состојки кои во вид на пена ќе бидат на површината треба да се отстранат и така чистиот мед треба херметички да се затвори. Значајно е во просториитe каде се чува медот да нема влага поради хидроскопноста на медот и можноста да создаде услови за вриење и укиснување.

 
Коментари (3)
3 Вторник, 29 Септември 2009 21:42
toni
оваа година беше доста медна ,за секој седум дена медиштата беa полни и 70проценти беше поклопен незапамтено медна година во куратица охритско
2 Понеделник, 10 Август 2009 21:16
Администратор
Доколку е слаба пчеларската година со пчелина паша, пчелите медот го држат подолго време не поклопен, но потоа или го симнуваат во медните венци над леглото,или го складираат во неколку медишни рамки најчесто над рамките со легло и го поклопуваат.Во здрава пчелина заедница при нормални пашни услови многу мал дел од медот во медиштата во периодот на август не е поклопен ,со исклучоци кога има интензивен унос на паша од сончоглед или на шумски мед.
1 Понеделник, 10 Август 2009 10:13
Паланчански
Едно е литературата, а друго е практиката. Во слаби години пчелите не го поклопуваат медот. Келиите не се наполнети па затоа не го поклопуваат. Ако за 10 дена нема паша, тогаш медот со сизурност е созреан, без разлика дали е поклопен или не. Ако пашата е силна, за 10 дена рамката е полна и затворена.
yvComment v.1.19.3