Ризици во пчеларството PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 9
НајлошоНајдобро 
Економија и пчеларство - Менаџмент во пчеларството
Сабота, 20 Ноември 2010 15:25

Справување со ризици во пчеларството

Ризикот се дефинира како реална или можна состојба или пречка која ги намалува шансите за постигнување на очекуваните резултати.

Најпрвин треба да ги идентификуваме , дефинираме и утврдиме ризиците кои се јавуваат во пчеларството како стопанска дејност.

Да го оцениме степенот на  негативното влијание на утврдените ризици врз пчелините заедници врз пчеларот другите земјоделски култури корисниците на пчелините производи и пчеларството во целина.

Да ја дефинираме одговорноста и да преземеме мерки за намалување на активните ризици како и да ги следиме анализите на напредокот во справување со ризиците.

-Прибирање Веродостојни податоци
-Спроведување соодветна контрола
-Донесување на одлуки во кои е вградена анализата на ризиците

Утврдување на ризиците  воопшто а оттука и во пчеларството е комплексна постапка поради потребата од сеопфатен список на можните ризици. Затоа секоја идеа од формираните групи и тимови кои треба да ги утврдат ризиците  треба првично да се прифати а подоцна да се оценува дали е издржана и соодветна .

Ризици кои влијаат на пчелините заедници

·   Болестите што се јавуваат во пчелините семејства - нивното влијание на продуктивноста и приносите на пчелините семејства но и врз висината на трошоците по единица производ
·    Штетници кои влијаат врз пчелините заедници
·    Труење на пчелините заедници - најчесто со несоодветна примена на  пестицидите  и инсектицидите во овоштарството пољоделството и градинарството
·   Климата и климатските промени - Негативните влијанија на климата и климатските промени на пчелините семејства
·    природно роење на пчелините семејства


Ризици кои влијаат на потрошувачите на пчелините производи

·   Ризици од загадување на пчелините производи со хемиски супстанци штетни за човековото здравје


Ризици кои влијаат врз пчеларот

·    Алергии - загрозување на здравјето на пчеларот при убоди од пчелите
·    Професионални заболувања и деформации кај пчеларот

Пазарни ризици при продажба на пчелините производи и др.

·   Цената на пчелините производи
·    Нелојалната конкуренција на пазарот на мед со понуда на вештачки мед
·   Неконтролиран увоз на мед со несоодветен квалитет


Секако дека со горната класификација  не се исцрпени сите ризици со кои може да се соочи пчеларството како стопанска гранка и пчеларот како непосреден производит.

План за справување со ризикот од ослабување и изумирање на пчелините семејстава предизвикани од Опасниот паразит Варооа Деструктор

Формираме табела со следните колони!

·   Реден број на ризикот - бр.1 - Варооа Деструктор
·    Одговорно лице - А.Т.
·    Опис на ризикот -Паразит -крлеж- Вароа Деструктор паразитира на возрасната пчела и нејзината популација се размнозува во пчелиното трутовско и работничко легло се храни со хемолинфата на пчелата и ларвите. Исклучително опасна за развој и опстанок на пчелиното семејство
·    Веројатност - Голема веројатноста да се појави Варооа Деструктор во пчелините заедници   поточно -постојано е присутна.
·    Влијание - Големо негативно влијание  врз пчелината заедница доколку не се превземат мерки доаѓа до ослабнување и угинување

·   Против мерки

-   Вароа подници

биолошки методи
- рамка градежник
-отстранување на последните рамки со  легло  во доцна есен
-прекинување на леглото во пашниот период и др.

хемиски препарати
-Оксална ,мравја и млечна киселина
-Препарати на база на амитраз
-Препарати на база на флувалинат и
- други хемикалии

·    Сегашна состојба - Актуелен преку целата година

Во ова табела треба да ги внесеме сити други можни ризици и да ги утврдиме постапките за справување со нив.(ова е пример со ризикот од Вароа Деструктор)Овде не се дадени деталните планови за справување со овој ризик!


Справување со утврдените ризици во пчеларството

Начини за справување со Варооа Деструктор :

·    Противмерки - кога е исплатливо да се воведат мерки за намалување на степенот на ризик -превентива и лекување

·    Резервни решенија - кога влијанието е исклучително големо

Околност во кои е веројатно дека ке се појави висок ризик во пчеларството

·   Кога нешто се прави прв пат - без можност да се потпрете врз претходно искуство посебно при примената на хемиските лекови против овој опасен паразит во одреден период од годината или преку цеклата годин -проблеми со дозирањето влијание на надворесната температура ,јачината на пчелината заедница,степенот на заразеност и сл.
·    Кога се користи најнова технологија или нова хемиска супстанца за лекување - секогаш кога не се користи неиспробана технологија постои висок ризик ; многу штета можат да предизвика  примена на нов неиспробан хемиски лек.

Дип.економист Ацо Тодоровски

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):