Сузбивање на пчелините болести PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Контрола на болести и штетници kaj пчелите
Петок, 02 Јануари 2009 22:08

Пчелините болести

Сузбивање на пчелините болести и штетници и спречување на труењето!
Најзначајната работа кај болестите во пчелината заедница е дијагностицирањето на болеста. Тоа значи дека треба да се познаваат болестите нивните предизвикувачи, како тие се манифестираат и постапките за нивно дијагностицирање. Најсигурен начин за точна дијагностика е да се повика ветеринар а  заразениот материјал (дел од саќе со легло или возрасни пчели) се испратат до државните ветеринарни институти. Институтите вршат  откривање на предизвикувачот но и на супстанците кои негативно ќе влијаат на предизвикувачите и ќе и овозможат на пчелината заедница да се врати во здрава состојба. Наредните чекори се:

 

·    производство и регистрација на лекот за одредена болест,
·    утврдувањето на наједноставниот и најсоодветен начин на аплицирање на истиот во заразената пчелина заедница,
·    периодот на пофторување на постапката на апликација,
·    времетрањето на изложеноста на заедницата на влијание на соодветната лековита супстанца,
·    Дозирањето -количината од лековитата супатанца што треба да се употреби зависно од јачината на пчелината заедицна и т.н.
Сето горе наведено е многу значајно поради фактот што е многу тешко да се дефинира поимот лек и поимот отров. Всушност не постои супстанца која што нема отровни состојки во себе.Мегутоа количината на содржаните отрови во одредена супастанца ги чини отровни.
Живите организми во себе внесуваат храна која содржи метали, соли,шекери и т.н. но доклку во одреден организам недоволно се внесува некои од хранливите елементи може да дојде до заболување. Во тој случј внесувањето на тие супстанци во организмот ќе добијат карактер на лекови бидејки допринесуваат организмот да ја врати поранешната здрава состојба. Освен тоа за лекови се сметаат и супстанци кои можат да го спречат настанувањето на болеста па дури и да овозможат таа да се дијагностицира. Многу често ,покрај хемиските супстанци ,во лекови се вбројуваат и некои други производизводи за кои се мисли дека можат да послужат за спречување или лечење на болните состојби.


 

 
Коментари (2)
2 Вторник, 07 Јули 2009 12:16
Марјан
Слушнав дека во Скопје се продава по 200ден.Реална цена е отприлика од 120-140 ден, само кај нас нема увозници, па се препродава од Србија.
1 Вторник, 09 Јуни 2009 23:12
Ивко
Што мислите за APIGUARD и може ли да се најде кај нас

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):