Апитерапија |
Актуелно - Пчелите и здравјето | |
Недела, 04 Јануари 2009 17:45 | |
,,Денеска медицината е толку напредната што веќе ни еден човек не е здрав ,, Олдос Хаксли
Светската здравствена организација опоменува на опасностите кои се закануваат на цивилизираниот човек од прекумерна употреба на лекови.Еминентни светски научници од областа на медицината ,фармацијата ,биологијата и хемија, укажуваат на повеќекратните можности пчелините производи да се применуваат во медицината и исхраната. Поради специфичноста на пчелините призводи кои содржат лековити состојки кои ниту технолозите ниту фармацефтите можат да ги произведат, тие овозможуваат со нивната примена во медицината и исхраната да влијаат на подобрување на здравствена состојба на луѓето. Поради тоа во многи замји Апитерапијата (употреба на пчелините производи во терапвки цели) е признаена како специфична научна дисциплина. Во соседна Р. Србија според Законот за здравствена заштита е донесен правилник за посебните услови ,начинот и постапката за обавување на методите и постапките на традиционалната медицина. Постојат методи за дијагностика и лечење со традиционална медицина и методи на рехабилитација во традиционалната медицина каде е класифцирана и Апитерапијата.
|