Засенување на сандаците
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Коментари - Сите коментари
Петок, 02 Април 2010 22:07
Од моето искуство пчелните сандаци изложени цело време на сонце дадоа двојно повеќе мед одколку оние што беа во сенка на листопадни дрва.Оние сто беа на сонце,за време на летните горештини ги засенував со лимени табли широки 1 метар и картон како изолатор над капакот.Другите што беа во дебела сенка уште од 10 часот вероватно за време на пролетниот развој не можеа доволно да се загреат,а со тоа и да се развијат како првите,но затоа на есен имаа повеќе пчели.Сума сумарум салдо нула.Лани преместив неколку семејства на сонце и станаа рекордери.Мислам дека ако успешно се реши засенувањето и резултатите нема да изостанат.
 
Ова е коментар на "Podnica so mreza i orientacija na sandakot"

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):