Резолуција за влијанијата на климатските промени во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еко Новости
Недела, 07 Март 2010 14:56

Повикувајќи се на заклучоците содржани во документот усвоен наСветската конференција за климатските промени во Копенхаген, 2009 година.

Имајќи ги предвид информациите за климатските промени во Р.Македонија кои се базираат врз компаративна анализа во времетраење од 30години, како и предвидувањата за климатските промени до крајот на 2100 година.

 

Соочувајќи се со последиците што би произлегле од влијанието на климатските
промени во Републиката, според резултатите од сценаријата за климатските
промени.
Искажувајќи ја загриженоста за последиците кои ќе настанат од долгорочните
влијанија на климатските промени во најчувствителните области: земјоделството,
шумарството, водните ресурси, биолошката разновидност и здравството.
Оценувајќи дека сите параметри неопходни за правилно земјоделско
производство се менуваат во правец на создавање на неповолни услови изразени
со дефицит на вода, аридност и појава на сушен период во сите поважни
земјоделски региони во Републиката.
Тргнувајќи од тоа дека намалувањето на приносот на најчувствителните култури,
а особено на зимската пченица, виновата лоза и луцерката, во сите региони, ќе
предизвика директна економска штета која се проценува на речиси 30 милиони
евра до 2025 година и би се зголемила до 40 милиони до 2100 година.
Свесни за фактот дека директното и индиректното влијание од зголемувањето на
температурите ќе ја намали продуктивноста на домашните животни и ќе доведе
до појава на болести.

Констатирајќи дека климатските промени негативно ќе влијаат во шумарството,
преку одумирање на одделни делови од крошната и цели стебла, од инсекти и
болести, шумски пожари и опожарени површини, како и миграција на шумските
дрвни видови кон повисоки надморски висини.
Согледувајќи дека климатските промени имаат комплексни влијанија врз
здравјето на луѓето кои опфаќаат болести и состојби со можен смртоносен исход,
односно влијанија, пред сé, предизвикани од екстремни временски услови
(поплави, суши и невремиња), како и од ефектите од аерозагадувањето.
Укажувајќи дека влијанието на климатските промени ќе има негативен ефект врз
водните ресурси изразен преку драстично намалување на расположливите водни
ресурси во идниот период, како и врз квалитетот на водите.
Собранието на Република Македонија
1. Констатира дека поради влијанијата на климатските промени на земјата и е
потребно прилагодување кон климатските промени и намалување на последиците
од нивното влијание.
2. Ќе се залага идниот развој на државата да се темели со почитувањето на
принципот на ненарушување на животната средина и избор на решенија кои
придонесуваат кон намалување и ублажување на влијанието од климатските
промени.
3. Истакнува дека Република Македонија има интерес од воведување на мерки за
прилагодување и намалување на влијанието од климатските промени.
4. Оценува дека за оваа цел е непходна координирана активност на Собранието,
Владата и на другите државни институции, како и соработка со заинтересираните
невладини здруженија и организации.
5. Смета дека проблемот со прилагодувањето на Република Македонија кон
климатските промени треба да се уреди со донесување на посебни закони, како и
со тековни мерки кои треба да ги преземе Владата на Република Македонија.
6. Укажува на потребата Владата на Република Македонија да поднесува годишни
извештаи до Собранието за мерките кои ги презема за прилагодување на земјата
кон климатските промени и намалување на последиците од нивното влијание.
7. Се залага, заедно со Владата на Република Македонија, да продолжи со
преземање мерки за запознавање на соодветните меѓународни институции и
организации со влијанието на климатските промени во Република Македонија и
да пристапи кон посоодветна интернационализација на овој проблем.
8. Цени дека за решавање на овој проблем се потребни финансиски средства кои
треба да се обезбедат од повеќе извори (Буџетот на Република Македонија,
меѓународни фондови за еколошки намени, заинтересирани правни и физички
лица, меѓународни задолжувања и друго).
9. Ја изразува готовноста мерките утврдени со оваа резолуција да бидат еден од
приоритетите на Собранието во водењето на развојната и тековната политика за
намалување на последиците од климатските промени во Република Македонија, а
знаењето ќе го става во функција на правилното донесување на политичките
одлуки.
10. Оваа резолуција ќе се достави до Владата на Република Македонија.
11. Оваа резолуција ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија".
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Службен весник на РМ, бр. 31 од 03.03.2010 година
Бр. 07-973/1 Претседател
1 март 2010 година на Собранието на Република
Скопје Македонија,

 

 
Коментари (1)
1 Петок, 02 Април 2010 20:51
Aleksandar
sakam da ve prasam na pojakite semejstva sto mi se zazimeni na dva sprata sakam utre da im gi smenam spratovite bidejki vece imaat po sest rama leglo gore dali samo da izvrsam zamena ili da im kacam nesto od legloto gore.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):