Даноци , а и поддршка.
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
Коментари - Сите коментари
Петок, 29 Јануари 2010 18:43
Јас, воглавно се согласувам со паушалното одданочување на пчеларите, онака како што е донесен законот. Меѓутоа, мислам дека и државата кога го носеше овој закон, требаше активно да се вклучи и да направи нешто за пчеларството. А, тоа во смисла на обезбедување пазар и организиран откуп на мед и други пчелни производи и тоа по некоја разумна цена, на пр.3 евра по кгр. мед. Во тој случај, ние пчеларите ќе знаеме на што сме, а и тоа би ни било и одредена стимулација за поголемо производство и за нас и за самите откупувачи, кои исто така би го нашле својот интерес.
 
Коментари (1)
Сакам само да истакнам околу огромниот придонес на пчелите при опрашувањето на овошките и градинарските култури. Теба да знаеме дека во светот постои голем недостаток на пчели за опрашување. Така во САД за опрашување на бадемовите плантажи им плаќаат на пчеларите по 200 $ од кошница. Во Кина пак опрашувањето на овошките заради недостатокот од пчели, го вршат со рачно доставување на полен врз цветовите. Кај нас тоа се врши по пат на одданочување на пчеларите, без при тоа да се води сметка колкав е придонесот на пчелите за добивање на максимална родност на овошките и зеленчуковите растенија.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):