Формирање нов пчеларник - набавка на роеви
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Коментари - Сите коментари
Вторник, 05 Јануари 2010 19:21
Новиот пчеларник формирај го со нови пчелини сандуци.(Старите сандуци тешко се дезинфекцираат.Треба добро да се изгорат со лет ламба,а потоа да се испарат со врела вода и добро да се изрибаат со дрврна сода.)Роевите најдобро да ги набавите во рана пролет како кошари и кога цвета сливата џанка да се префрлат во сандуците,тоа треба да го направи искусен пчелар.Можете да набавите и голи роеви на почетокот на Јуни и веднаш да ги ставите во сандуците.Можете да набавите и шестрамни новоформирани нуклеуси со млади матици во времето на цутењето на багремот.Субвенции можете да земете доколку имате 35 пчелини семејства.
 
Ова е коментар на "zdravo 1!!!!!!"
Коментари (3)
3 Петок, 08 Јануари 2010 16:57
Администратор
Во пролет во екот на багремовата паша во роевски години има пчелари кои продаваат природни роеви.Пчелар .мк ќе исконтактира со пчелари кои нудат природни роеви и На нашата страна ќе можете да најдете контакт телефони и адреси на продавачите.Поздрав! пчелар.мк
2 Петок, 08 Јануари 2010 16:01
sekrevski
a kade da se obratam za nabavka na prirodni roevi....?????
fala vi sto imate vreme i nervi za pocetnice pozdrav do site!!!!!!
1 Четврток, 07 Јануари 2010 07:57
Васко-Бт
Како прво би ти препорачал да не мешаш повеќе типови на сандуци.
Како што веќе ти кажа Тодоровски,најдобро е да набавите нови сандуци и истите да ги населите со голи роеви(природни роеви)
Тие роеви имаат исклучителна способност за градење на Сатните основи, а исто така многу лесно се чистат од Вароата.За се што те интересира тука сме да помогниме.
Поздрав

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):