Самит за глобални климатските промени во Копенхаген - ГИ УРИВАМЕ СВЕТСКИТЕ РЕКОРДИ ВО ИСПУШТАЊЕТО НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 2
НајлошоНајдобро 
Екологија - Еколошки проекти и акции
Петок, 04 Декември 2009 18:40
Индекс на артиклот
Самит за глобални климатските промени во Копенхаген
Неуспех во Копенхаген
ГИ УРИВАМЕ СВЕТСКИТЕ РЕКОРДИ ВО ИСПУШТАЊЕТО НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД
Срамно заврши самитот во Копенхаген
Сите страни



 

Податоци за Македонија.onian.com

ГИ УРИВАМЕ СВЕТСКИТЕ РЕКОРДИ ВО ИСПУШТАЊЕТО НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД
Петти во светот по загадување
Маја Михајловска

Македонија е меѓу првите пет земји во светот по испуштање јаглерод диоксид и на стакленички гасови, чии честички кога се вдишуваат, предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето, какви што се хронични срцеви и белодробни заболувања. Токму срцевите заболувања се фактор број еден за смртност во земјава, според сите официјални податоци, а неодамна министерот за здравство Бујар Османи предупреди дека поради зголеменото загадување, во пораст се и хроничните белодробни заболувања. Алармантните податоци за загадувањето што деновиве ги објавија невладините еколошки организации во соработка со овдешната канцеларија на УНДП, покажале дека годишно во земјава се испуштаат вкупно 7,18 тони јаглерод диоксид по глава на жител. - Тоа воопшто не е за чудење бидејќи е доволен само податокот дека 80 отсто од населението во Македонија се грее на дрва. Ако се земе предвид дека годишно се трошат од 10 до 15 кубика дрва, можете само да замислите колкава е таа концентрација на јаглерод диоксид што се создава во атмосферата? - вели Душко Христов од еколошка организација „4х4х4 Балкански мостови“. Тој како најголеми загадувачи ги истакнува автомобилите, јавниот превоз, особено автобусите на ЈСП, големите индустриски капацитети на црната металургија, како и електраните РЕК Битола и Осломеј. - Од околу еден милион возила колку што ги има во земјава, 70 отсто работат без катализатори, кои служат за намалување на издувните гасови. Откако катализаторите ќе се расипат, не се заменуваат со нови бидејќи чинат околу 200 евра - потенцира Христов. Министерството за животна средина не врши мерење на концентрациите на јаглерод диоксид во воздухот, но според еколошките параметри кои тие ги следат преку 15 мониторинг-станици за квалитет на воздухот, сообраќајот е еден од најголемите причинители на загадувањето, особено во урбаните средини. Од таму велат дека во Македонија над 30 отсто од возилата се постари од 20 години, а во издувните гасови покрај јаглерод моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, има и многу други испарливи органски соединенија. Според нив, квалитетот на воздухот во Скопје во последниот период нема зголемување на концентрациите над граничните вредности кога станува збор за сулфур диоксид, азотни оксиди, јаглероден моноксид и озон. Покачување над дозволената концентрација има само кај суспендирани честици на сите мерни места во Скопје. - Концентрацијата на суспендирани честички е поголема од дозволеното особено во зимскиот период. Вчера тоа е забележано на мерните станици во Лисиче и Гази Баба, но не во количини кои се алармантни - велат од Македонскиот информативен центар за животна средина, кој функционира во рамките на Министерството за екологија. Од таму објаснуваат дека овие честички се зголемени поради маглата. Експертите велат дека честичките од сите овие опасни супстанции влегуваат длабоко во белите дробови на луѓето при вдишувањето и можат да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето, какви што се астматични воспаленија, хронични срцеви и белодробни заболувања. Овие честички потекнуваат од издувните гасови на моторните возила, од правта од неасфалтирани патишта, од согорување на огревните дрва во домаќинствата и од неконтролирано палење на отпадот. Само за пример, испитувањата покажуваат дека ланската година на годишно ниво во просек концентрацијата не е надмината само во селото Лазарополе.

Во Копенхаген сме загадувале европски

На конференцијата за климатски промени во Копенхаген, претседателот Ѓорѓи Иванов, во обраќањето, рече дека Македонија ги следи чекорите на Европската унија кон намалување на емисиите на отровни гасови во атмосферата, обновливи енергетски извори, како и енергетска ефикасност.
Тој информира дека Македонија ќе го зголеми својот удел на обновливи извори на енергија од моменталните 15,3 на 21 отсто до 2020 година.



 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):