Актуелно -
Пчеларски календар
|
Недела, 28 Јуни 2009 14:15 |
Јули е последниот месец од периодот кога пчелината заедница го достигнува максимумот во својот развој. На пчеларникот состојбата полека се стабилизира .
Клима Во месец јули дневните температури се над 30-от а понекогаш и над 40-от Ц.степен. Овие високи температури доколку има доволно влага во почвата можат да бидат во прилог на медењето. Топлите ноќи исто така овозможуваат голем број на треви изобилно да змедат.Но секако дека во овој месец големи количества нектар лачат и липата и сончогледот. Фенологија Сончогледот е посигурна пчелина паша од липата и нетреба да се пропушта.Липата иако во одредени моменти добро меди при само мали заладувања може да престане да лачи нектар. Пчелината заедница сеуште ја одржува својата оптимална бројност ,но матицата во фтората половина од овој месец почнува да го намалува бројот на залежаните јајца и бројот на рамки со легло почнува да се намалува. Иако уште трае пчеларската сезона,влегувајки во летната сезона во која паша за пчелите има се помалку,треба да мислиме на почеток на припремите за идната година. Пчеларот Затоа во третата декада од месец Јули веќе се вршат припреми за преглед на пчелините заедници,доколку е потребно и припреми за прихранување и обезбедување на доволно залиха на храна како и на доволно млади пчели за зимскиот период. -Една многу важна работа во месец јули е заштитата на пчелините заедници од високите температури. Ова е посебно актуелно во последните неколку години кога јунските температури стануваат неподносливи а доколку пчелините сандуци се со темна боја можат да се прегреат. Пчелината заедница и покрај огромните напори да ја одржи потребната температура од околу 31 степен не е во состојба тоа да го стори и доѓа до прегрејување на леглото и неможност да се изведат здрави и витални пчели.Обично во вакви ситуации пчелите го напуштаат сандукот формирајки големи црни бради на полеталките.Ова може да укажува не само на прегреаност во кошницата туку и на беспашен период како и на недоволен простор во кошницата . Затоа се препорачува во овој месец сандуците да бидат офарбани со бела боја вентилацијата да биде максимална а пчеларникот да се нага во шарена сенка а во попладневните часови целосно е засенет. Доколку пчеларникот нема природна сенка треба да се засени со слама, сено , гранки трска, но можат да се користат и картони, стиропор и т.н. - Во овој месец одземањето на медиштата и цедењето на медот е една од пообемните работи .Зависно од тоа каква технологија се користи овие операциии можат да се поедностават. Обично за полесно одземање на медиштата се користат бегалки кои се поставуват претходниот ден под медиштето и поголем број од пчелите слегуваат во подолното медиште кое сеуште не е сосема полно.Ваквото медиште со отстранети пчели многу полесно и побрзо се одзема . Има и соодветни направи кои ги издувуваат пчелите од спратовите а и хемиски супстанци кои се стават над медиштата за да ги натераат пчелите да слезат во подолните медишта кои се полупразни. За центрифугирањето веќе рековме дека радиалната центрифуга на моторен погон и автоматските отклопувачи го прават рутинска работа. -Селењето на пчелините заедници на липа или сончоглед е исто така една од пообемните работи во јули.За селењето пишувавме во месец Јуни но сепак да нагласиме дека при селење на липова паша потребно е да имааме многу јаки пчелини заедници за да добиеме добри приноси.Рековме дека селењето на пчелините заедници на сончоглед нетреба да се пропушти но сепак потребно е да се нагласат некои поважни карактеристики на сончогледовата паша. Обилната сончогледова паша во години со изобилни врнежи може навистина да обезбеди - високи приноси континуитет во развојот на пчелината заедница изградба на сатни основи силни пчелини заедници секако треба да се внимава да не дојде до создавање нагон за роење и неконтролирано изројување. Но во сушни и немедоносни години сончогледовата паша може: -да даде мали приноси -но и значително да ги ослаби пчелините друштва поради тоа што пчелите се истоштуваат на сувите и лепливи сончогледови цветови и нивнит век на живеење значително се намалува. Како што рековме пред селењето секогаш треба добро да се проверат сите фактори за кои зборувавме претходно.
-Негувањето на роевите и основните заедници што се изроени е значајно во месец јули посебно во фтората половина на овој месец кога обемот на пашата опага и лесно може да се случи роевите и заедниците да останат без доволно храна.Поради тоа доколку има потреба заедниците и роевите се прихрануваат, се засенуваат се обезбедуваат со доволни резерви на полен со добро изградено саќе и т.н. -Одржувањето на поилото во исправна состојба посебно во овој месец во сушните предели е многу важно .Има повеќе решенија на пчелите да им се обезбеди чиста и достапна вода за пиење.Највообичано е поилото со буре од кое капе вода на чиста зик зак вдлабната штица долга два три метра.Не Ретко се користи и поило со садови на чиј отвор е ставена чиста густа газа и истите се свртени надолу а се стават во гранките на блиските дрвја. Има и многу други начини за решавање на проблемот со поилото на пчеларникот. -Во сушни години посебно во фтората половина на овој месец може да се јават оси и стршлени како и пчеларката но и низа други штетници.Борбата проти нив е значајна.Обично се стават пивски или пластични шишиња со по малку пиво или сок на садуците и служат како мамка за оситеи стршлените. Пчеларката е еден од поголемите закани за пчеларникот.Таа се храни со пчели и во екот на одгледување на своето потомство прави огромни штети на пчеларникот. -Топење на восокот во сончевиот топилник во врелите јулски денови е лесна и едноставна работа. Сонцето треба да се искористи и да се заштеди на додатни трошоци за топење на восокот.
|
Поздрав!