Коментари -
Сите коментари
|
Сабота, 27 Јуни 2009 19:44 |
Доколку во вештачки формираното друштво по половина час бил додаден матичник а матицата не се извела може да се стави нов зрел матичник од кој за неколку часа ќе се изведе нова матицили или да се додаде младо легло со еднодневни ларви и да се остави вештачкиот рој да произведе матица. Но доколку е оставено вештачкиот рој сам да произведе матица а тоа трае повеќе од дваесетина дена можно е да се појавиле матици трутовки и треба да се провери дали има неправилно лежани јајца, доколку има, во тој случај е многу тешко да се додаде нова матица и друштвото обично пропаѓа или треба внимателно да се спои со исклучително јако пчелино семејство.
|