Прополис
Прополис е смеса на смоласти супстанци која пчелите ја собираат од цветовите на различни билки.
Тоа е смоласта материја добиена со делување на секретните жлезди богати со ферменти.Прополисот е со специфичен изглед горчлив вкус, со карактеристичен и ароматичен мирис.
Со интензивно проучување утврдено е дека тој е природен, бактерицид, анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик, дека делува против голем број вируси вклучувајкиго и вирусот на грипот и дека е одличен во борба против габи и паразити. Пчелите го собираат билниот материјал за производство на прополис кога се појавува оштетување на (пукнатитини ,отвори) на кошницата,но и појава на натрапници ги поттикнува на произведување на прополис. Пчелите во кошниците секој простор поголем од 7 мм го исполнуваат (градат со восок ) а секој простор потесен од 8 мм го лепат со прополис. Тоа е поради неможноста на пчелата да навлезе во овие пукнатини и да ги отстрани нечистотиите и отпадот од восок и доколку не ги потполнат со прополис може да се јави восочниот молец и други паразити.
Остатоци од непожелни гости во кошницата (инсекти,полжави,глувци,жаби и др.) наоѓани се обложени со прополис и изолирани , а нивното ткиво кое не е иструлено ги поттикна научниците да се заинтересираат за неговиот состав. Така е утврдено дека прополисот е материја која пчелите го собираат од билен материјал и со посебен начин на преработка создаваат супстанца со карактеристичен изглед ,боја и мирис. Составот и бојата на прополисот зависат од билните врсти од кои пчелите го собираат материјалот но и од годишното доба. Составен е од 50% смола,30% восок,10% етерични масла,5% цветен прав и 5% други супстанци .Флавоноидите во најголема мера влијаат на дејството на прополисот . Со лабораториски испитувања е докажано антифламаторното , антимикробно, антивирусно, имуностимулативно делување на прополисот. Зборот прополис доаѓа од грчките зборови: про (пред) и полис (град) и тоа име веројатно е дојдено поради тоа што пчелите ја користат оваа смола да ги намалат влезовите во кошниците. Пчеларите не ги сакаат пчелите кои обилно лепат со прополис поради тешката манипулација со залепените рамки ,бидекјки кога е многу топол се лeпи на прстите а кога е ладен тешко се одвојува и пука со што дополнително ги вознемируваме пчелите. Често се случува рамките помеѓу плодиштата на ланструт или помеѓу плодиштата и медиштата да се залепени со прополис па доколку времето е студено тешко се одвојуваат спратовите без пчелите значајно да се вознемират. Ова најчесто се јавува поради непрецизната изработка на кошницата и несоодветното растојание помеѓу рамките кое е помало од 7 милиметри. Растојанието доколку е поголемо од 7 мм ќе биде изградено со восок со што пак се создават проблеми при манипулацијата со спратовите. Во поглед на хемискиот состав прополисот е многу комплексна материја и поради тоа постојат големи разлики во примероците. Составот на некој репрезентативен примерок би изгледал вака: восоци 30%, смоли и балсами 55%, етерични масла 10% и околу 10 % полен.Во прополисот има доста флавонски компоненти чиј хемиски состав е многу компликуван. Бојата на прополисот варира од зелена до браункасто - црвена. И покрај тоа што на обична температура прополисот е мек а на висока температура леплив , прополисот станува цврст и кршлив кога е ладен.Доколку се замрзнe може со мелење да се претвори во прав. Прополисот -пчелината смола - е симбол на снага и острина. Тој е еден од оние мудри лекови на природата кои убиваат све што смета на здравиот организам. Истовремено го чува здравото и лечи болното ткиво. Чистиот прополис сам по себе веќе е балсам : тоа е смола со различни етерични масла и други биолошки активни компоненти. Има остар вкус кој пече на јазикот и карактеристичен мирис кој варира зависно од потеклото но секогаш е пријатен. Кај нас прополисот може да се добие како смола, но и како веќе припремен раствор, најчесто алкохолен или во масло пред се наменет за децата. Постојат и прополисни масти за надворешна употреба .Во алкохол најдобро се раствараат сите компоненти на прополисот , а тоа се : Етерските масти, комплекс на флавоноидите, микроелементите и витамините..., Од сите пчелини еликсири, прополисот е најиздржлив и најстабилен. Биолошките својства на прополисот се разнолики. Науката потврди дека прополисот ги убива микроорганизмите , вирусите, габите намалувајки ја нивната животна способност. Делува локално анестетски, го сопира јадежот и делува смирувачки, доволно е да ги намажеме градите пред спиење со прополисна алкохолатура за да се смири кашлицата и да се обезбеди длабок мирен сон. Прополисните масти се одлични за раните кои тешко зараснуваат, како и за многу кожни заболувања: опагање на косата во вид на печат, запаление на кожата настаната од надворешни дразби, габични заболувања на кожата и косата, пиодермија, екцем, себореја, епидемофитија (габични заболувања на кожата и ноктиите)... Прополисот има својство да го кочи ненормалното размножување на ќелите (цитостатичко делување) и лечи тумури. Познати се регенеративните , епителизирачките и дерматолошките својства на овој балсам. Тој брзо ги обновува повредените ткива и го забрзува нивното зараснување. Неговото делување против микроорганизмите, крварење, опекотини и запаленија исклучително е ефикасно кај сите видиви рани,чиреви,опекотини и др.
Имајки ја во предвид актуелната состојба со пандемскиот грип на вирусот - A(Н1N1) кој застрашувачки се шири и на балканот заканувајки се да прерасне во епидемија во Македонија (12/11/2009) сметаме дека треба да се потсетиме на лековитите својства на прополисот.
|
Pcelar.mk