На пчеларникот во мај PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 6
НајлошоНајдобро 
Актуелно - Пчеларски календар
Недела, 26 Април 2009 18:34

На пчеларникот во Мај
Месец МАЈ е првиот месец од периодот кога заедницата тргнува кон врвот на својот развој ,а ние треба да ги  искористиме пчелите за производство на матици ,роеви,мед,полен,млеч,восок сега е тој долго очекуван период(мај,јуни,јули) да го ефектуираме својот макотрпен труд.

Впрочем и  поради тоа пчелариме.Најпрвин да се осврнеме на Климатските услови во месец Мај.Сите ќе се сложите дека во  последниве години сме сведоци на големи промени во климатските услови.Наспроти топлите зими доаѓаат студените променливите пролетни денови со темпеатури и под нулата.Месец Мај не е исклучок и  изобилува со големи колебања во температурата а тоа има големи негативни влијанија на пчелината заедница која троши голема енергија на топлење на веќе проширеното легло а сосема мал број леталици можат да одат по нектар. Во Македонија овој месец е релативно ладен посебно во планиските реони.  Дневните темпертуарте се движат од 16-22 С степени но ноќите можат да паднат и до 5 С степени па и понинско.Ова има големо влијае врз медењето на багремот и другата мајска паша.Но сепак во најголем број случаи температурата во овј месец е поволна за развој на пчелината заедница.


Мај е месец кога цвета Багремот, глогот,буката,смреката,костенот,малина капина,бела детелина и тн.Во овој месец доага првиот изобилен нектар кој ќе обезбеди  неки вишоци мед за цедење.
Обилниот  нектар  уште повеќе ја стимулира матицата која го зголемува лежењето и исполнува поголем број на рамки со легло.Пчелината заедница интензивно расте.
Доколку  кошницата не се прошири навреме брзо станува претесна за пчелината заедница,температурата расте младите пчели остануават без работа и таа создава нагон за роење  почнувајќи да ги припрема матичните чаури за залежување на првата партија матичњаци.  
Сега според правилото  следи ја природата,многу лесно можеме да одговориме на прашањата.
Што  кога и како треба да направиме на пчеларникот во месец Мај?
Во најдобар случај развојот на пчелината заедница е завршен во месец Април
Но во Мај изобилното медење пред се бара :
Да ги прошириме медишта , зависно од надворешната температура,јачината на заедницата и обилност на медоносната паша.
Тоа треба да го сториме  внимателно бидејки можеме да оладиме некоја недоволно развиена заедница и уште повеќе да го забавиме нејзиниот развој  
Рековме дека пчелината заедница тргнува кон максимумот на својот развој и доколку медењето е изобилно и краткотрајно лесно дога до блокирање на матицата во несењето,  има голем  број млади пчели и се создава нагон за роење ,впрочем тоа е природен нагон за размножување.Но тоа е и еден од најголемите проблеми на пчеларите и пчеларството воопшто :
Да го спречиме роењето, ова е една од највжните и најсложени задачи. Овде има еден момент кој го сметам за исклучително важен а тоа е: изнаогање технолошка постапка преку која ќе се измират две спротивности:
-Јака заедница во континуитет која ќе даде рекордни приноси од една,
-Нагонот за роење што неминовно се јавува во ваквата заедница од друга страна.
Ова може се постигне со една технолошка метода која ја воведе еден од најголемите пчелари практичари од соседна Југославија Иван Венер од Купиново . Познат како метод на пчеларење со двојни пчелини заедници . Меѓутоа доколку во кошниците имаме:
-едногодишни селектирани матици
-доволно сатни основи на изградба
-доволно медишта (што повеќе тоа подобро, правило кое има исклучоци)
-соодветна вентилација (отворени високи лета, подњачи со мрежа, мрежа на збег и т.н ) сме ја намалиле можноста од создавање на нагонот за роење.

Да додадеме сатни основи на изградба за проширување на плодиштето или медиштето.Поради зголемување на бројот на младите пчели тие имаат нагон да лачат восок и да градат младо саќе.Ова треба да го искористиме за зголемено производство на восок а исто така делува позитивно намалувајки ја можноста од појавата на нагонот за роење.
Да ја ограничиме матицата на само во едно тело ЛР со цел да ги зголемиме приносите.
Ограничувањето на матицата во несењето секако дека е дискутабилно прашање.Но во практиката дава одредени резултати бидејки со ограничувањето на матицата на едно плодиште се отвара голем медиштен простор многу помалку се троши мед за сметка на тоа приносите се зголемини.И како пропратен ефект се намалува можноста за појава на нагон за роење.
Мегутоа доколку медењето изобилно продолжи и во наредните месеци ние ќе немаме доволно пчели за собирање нектар бидејќи јачината на заедницата значајно ќе опадне.Поради тоа во ваков случај ограничувањето на матицата во лежењето ќе биде контрапродуктивно.Но што со нагонот за роење?
И во оваа дилема се вклопува технолошката постапка со Двојни пчелини зедници.
Да произведеме матици за потребите на пчеларникот, за замена на истите во производните пчелини заедници, како и за формирање на роеви и резервни матици, е  задача која бара големо теоретско знаење и практично искуство од пчеларот. Поради тоа во оваа прилика нема да се задржам на оваа  проблематика. Можам само да кажам дека користењето на Јентеровиот апарат при производство на матици е чекор понатаму и можност да дојдете до квалитетни селектирани матици.На оваа тема имав излагања на повеќе советувања а секако дека во некоја идна прилика ќе ги изложам моите искуства во примената на оваа направа.
Да го исцентрифугираме медот е истотака една важна работа во месец мај. Доколку багремот изобилно меди медиштата многу бргу ќе бидат полни. Ние треба да ги контролираме приносите поставувајќи контролна вага бидејки недостаток од медишта може да ги преполови приносите но и да предизвика низ додатни проблеми со роењето . И доколку се работи за година како што беше 1989год.Медот уште во мај е целосно поклопен и готов за центрифугирање.И овде има дилеми околу тоа кога медот е зрел за центрифугирање кога е поклопен целесно или 2/3 од рамот. Медот кој во рамот е целосно поклопен има поголема зрелост и густина и ги задоволува барањата влажноста во него да небиде поголема од 18%.
Има и такви тврдења кои велат дека штом рамот ќе го свртеме надолу со            
ќелиите и при тресок не капе нектар од него медот е зрел за              
центрифугирање.Најдобро е  медот да е поклопен на  целот медиштен рам.
Центрифугираниот мед нетреба веднаш херметички да се затвори туку да се остави извесно време прекриен со густа газа да доферментира и се сталожи.Пото од него се одзема пенастиот слој и херметички се затвора. Овде допревме едно од прашањата на кое во идните месеци ке посветиме поголемо внимание.
Да обезбедиме правилна вентилација е едно прашање кое е актуелно во сите месеци од годината.Во овој месец вентилацијата треба да биде што поголема летата треба да бидат целосно отворени како долните така и горни доколку ги има.Подњачите со мрежи треба да бидат исто така отворени а во одредени случаи при поголеми температури и збеговите треба да бидат на мрежа.Сето ова оди на прилог на намалување на нагонот за роење.
Многу работни задачи кои вообичано се прават во мај  можат да почекаат за наредниот месец и многу работи од претходниот месец можат да се пренесат во овј месец. Сето тоа зависи пред се
од состојбите во природата и од факторите кои ја условуват технологијата како и од самата технологија на пчеларење.

За багремовата паша важи правилото што повеќе медишен простор тоа подобро од причина што кога багремот обилно меди добро развиено пчелино друштво со околу 80 000 пчели прогресивно внесува многу поголеми количини нектар од пчелино семејство со 40 000 пчели. Така што исклучително бројно пчелино семејство со соодветен број леталици  во еден ден може да внесе и до 10 килограми нектар а за време на цветањето на багремот околу 12 дена може да внесе до 50 кг.нектар.На силна паша можете да ставите и трето медиште со сатни основи а доколку пчелиното семејство е исклучително силно медиштето може да го изгради и за едно деноноќе .

 

 
Коментари (6)
6 Сабота, 18 Мај 2013 23:09
Maksim Acevski
Може ли да објасните малку повеке за нацинот на создавање на матици со помош на апарат.
5 Сабота, 02 Јуни 2012 00:29
dejan mitrovski pcelarska familija mitrovski
dali nekoj znae koga ke davaat subvencii vo kumaovskiot kraj
4 Среда, 27 Април 2011 23:33
vasko
Dali imate informacii dali ke dobieme subvencii vo Resen za 2010 godina. neznaeme dali da aplicirame za 2011 godina eve veke doagja mesec maj..pozdrav..
3 Понеделник, 03 Мај 2010 08:03
Васко-Бт
Излезе третиот број на електронското списание АПИС.
Можите да го погледните тука : http://www.apicentar.com.mk/img/APIS%20broj%203%20(maj).pdf
2 Понеделник, 18 Мај 2009 21:14
Администратор
Александар На силна паша можете да ставите и трето медиште со сатни основи а доколку пчелиното семејство е исклучително силно медиштето може да го изгради и за едно деноноќе.За багремовата паша важи правилото што повеќе медишта тоа подобро.
1 Понеделник, 18 Мај 2009 19:12
Teovski Aleksandar
Dali na dobro razvieno drustvo moze da se stavi treti nastavak so satni osnovi i za kolku dena bi gi izgradile ramkite.

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):