Значајни теми -
Медоносни лековити растенија и Фенолошки календар
|
Четврток, 02 Април 2009 21:23 |
Овошките се медносна паша која дава нектар и полен, и се многу значајни за пчеларството, посебно поради фенофазата на цутење во текот на Април и Мај.
Овоштарството е една од значајна земјоделски гранки во Македонија, поради поволните климатски и почвени услови и во неа се среќаваат скоро сите видови и сорти овошки. Овошки кои рано цветаат и се значајни за раниот развој на пчелината заедница се бадемот, праската , кајсијата, сливата и др.
Додека црешата, крушата, јаболката и други овошки цветаат до мај и ја продолжуваат раната пчелина паша.
Цутењето на костенот во јуни и јули може да даде и добри приноси посебно во местата каде е повеќе застапен.
Општо познато и постојано потенцирано е дека користа од пчелите како опрашувачи на растенијата а посебно на овошките е неколкупати поголема од користа што ја добиваме во пчелини производи мед,полен,млеч,прополис,восок.,пчелин отров..Поленизацијата што ја вршат пчелите во огромен процент ги зголемува приносите кај сите растенија .За овоштарството поленизацијата е уште позначајна а приносите се за 60 до 70% поголеми на овоштарниците во чија близина има пчелини семејства.Не случајно Алберт Анштајн изјавил дека доколку изумрат пчелите на човекот не му остануваат повеќе од 4 години живот.
|
pozdrav