Контрола на Американската чума PDF Печати Е-пошта
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Значајни теми - Контрола на болести и штетници kaj пчелите
Вторник, 07 Јануари 2014 19:13

По долго очекување на разврската на проблемот што настана во врска со контрола на Американска чума на пчелно легло Решив да се вклучам во информирњето за настанатиот проблем и воедно да ви ги објавам дирекно текстовите од Програмата  за контрола на Американска чума на пчелно легло и Записник од првиот работен состанок на стручната група за контрола на американска чума кај пчелите . Очекувам ваши коментари забелешки и сугестии во врска со ова проблематика.

 

Врз основа на член 57 од Законот за ветеринарно здравство (Службен весник на Република Македонија број 113/2007, 24/2011, 136/2011 и 123/2012), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на ____________ донесе

Програма за контрола на Американска чума на пчелно легло

Содржина
И.    Општи одредби
1.    Вовед
2.    Дефиниции
3.    Цели
4.    Надлежни органи одговорни за имплементација на оваа програма
а) Агенција за храна и ветеринарство
б) Ветеринарни друштва
в) Национална референтна лабораторија
ИИ.    Утврдување на американска чума на пчелно легло
ИИИ.    Пријавување на американска чума на пчелно легло
ИВ.    Мерки за сузбивање и искоренување на американска чума на пчелно легло
1.    Мерки кои се превземаат за надзор на американска чума на пчелно легло  (мониторинг)
2.    Мерки кои се превземаат при потврда на американска чума на пчелно легло
В.    Едукација

И.    Општи одредби

1.    Вовед
Американската чума на пчелното легло е високо контагиозна бактериска болест на леглото кај пчелите која што е распространета во целиот свет. Болеста е присутна во текот на целата година, ги напаѓа пчелните ларви стари до 53 часа (поклопеното пчелно легло), предизвикувајќи нивно угинување. Иако возрасните пчели не заболуваат сепак болеста остава последици на пчелното семејство во целина поради нарушената смена на генерации, така што се добива слика на постојано слабеење на пчелното семејство кое во зависност од други фактори кои влијаат на јачината на пчелното семејство може да изумре до 2-3 години по заразувањето.
Предизвикувачот на болеста (Паенибациллус ларвае)  во неповолни услови какви што владеат во распаднатите ларви создава спори кои што се многу отпорни во надворешната средина. Во старо саќе и во пчелниот сандак спорите ја задржуваат способноста да предизвикаат болест и по 35 години. Конзервирани во чист мед остануваат живи и способни за предизвикување болест подолго од една година.
Во пчеларникот, примарен извор на болеста се заразените, болните и угинатите ларви, медот, поленот во сандакот, саќето, рамките и внатрешните површини на сандакот. Болеста лесно се пренесува помеѓу пчелните семејства при вршење на пчеларски активности (преместување на рамки со заболено легло од ослабени во појаки семејства, при вештачко роење, при користење на контаминиран, недезинфициран  пчеларски алат и прибор) кога пчеларот од незнаење или не придржување кон одредени санитарно - хигиенски мерки  ја пренесува болеста. Болеста на поголеми далечини се пренесува со неконтролирано движење на паша на заболени пчелни семејства односно со купо-продажба на ифницирани пчелни семејства и мед од семејства каде што болеста е присутна.
До 2012 година, согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, одгледувачот на пчели беше должен да пријави сомнеж за присуство на болеста кај неговите пчелни семејства. Во случај на поставен сомнеж, потребно е да се испратат мостри до овластената лабораторија (Факултет за ветеринарна медицина Скопје), по што сомнежот треба да биде потврден или отфрлен. Доколку болеста е потврдена се превземаат мерки за сузбивање на болеста. Заради природата на болеста пред се можноста за нејзино брзо ширење, заболените пчелни семејства не се лекуваат туку се применува постапката на нештетно отстранување со палење и закопување на пчелните сандаци и приборот. Трошоците за лабораториско испитување како и директните загуби настанати од мерките за сузбивање на болеста од уништување на пчелните сандаци согласно член 49 од Законот за ветеринарно здравство, се надоместуваат од Програмата за средства за здравствена заштита на животните. Покрај овие мерки, се превземаат и други мерки за спречување на ширење на болеста како забрана за селење на пчелните сандаци, дополнително клиничко и лабораториско испитување итн.
За подобра контрола и поефикасно откривање на болеста, согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2013 година, сите пчелни семејства требаше задолжително да се прегледаат најмалку еднаш годишно од страна на ветеринарно друштво кое има склучено договор со сопственикот/одгледувачот на пчелите. За извршениот преглед ветеринарното друштво издава потврда. Во случај на сомнеж, сопственикот треба да го извести официјалниот ветеринар или ветеринарното друштво кои од сомнителните пчелни семејства треба да земат материјал за лабораториско испитување.
До крајот на месец октомври 2013 година извршено е лабораториско испитување на 182 пчелни семејства а кај 70 семејства е потврдено присуство на болеста.

2.    Дефиниции
1.    Пчелно семејство
2.    Пчеларник
3.    Пчелен сандак
4.    Пчелно семејство сомнително на болест
5.    Пчеларник сомнителен на болест
6.    Заразено пчелно семејство
7.    Заразен пчеларник (во однос на други локации каде се држат пчели од ист одгледувач)
8.    ...

3.    Цели
Целта на оваа програма е да се воспостави систем за рано откривање на американска чума на пчелното легло, нејзино дијагностицирање, спречување на понатамошно ширење и искоренување.

4.    Надлежни органи и лица одговорни за имплементација на оваа програма
Обврските на надлежните органи и одгледувачите на пчели кои се наведени во оваа точка представуваат само преглед на обврските кои произлегуваат од оваа програма...
Без оглед на обврските кои произлегуваат од оваа точка од програмата, во случај на

а) Агенција за храна и ветеринарство
Агенцијата за храна и ветеринарство (Агенцијата) е одговорен надлежен орган за координирање и постигнување на целите на оваа програма со следниве задолженија:
-    Координирање и надзор на обврските кои произлегуваат од оваа програма на одгледувачите на пчели, ветеринарни друштва и официјални ветеринари. За таа цел, Агенцијата ќе врши прибирање, статистичка обработка и евалуација на клиничките, епидемиолошките и лабораториските податоци кои се однесуваат на програмата на локално и на национално ниво;
-    Пратење на исполнување на обврските на останатите институции и лица учесници во програмата;
-    Спроведување инспекциски контроли во однос на исполнетоста на обврските од оваа програма;
-    Генерирање извештаи во однос на исполнувањето на обврските согласно оваа програма од страна на одгледувачите на пчели и известување до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).
-    Постојано следење, и доколку е потребно изменување и дополнување на програмата;
-    Спроведување на дополнителни истражувања и студии со национални или меѓународни соработници со цел обезбедување најнови научни податоци и осигурување на непречено и ефикасно спроведување на програмата;
-       Дефинирање и предлагање соодветни правни, административни и технички мерки кои ќе се имплементираат на национално ниво, со цел да се постигнат или зајакнат зацртаните цели на програмата;
-    Обезбедување и алоцирање на потребните ресурси за спроведување на програмата;
-    Дизајнирање, раководење и координирање на национално ниво на кампањи за подигање на свеста кај јавноста и нејзино информирање, за одгледувачите на пчели, ветеринарите и потрошувачите бидат запознаени со целите и модалитетите на програмата со цел да се обезбеди нивна поддршка и активно учество во спроведување на истата.
-    Во соработка со Федерацијата на пчелари на Република Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина Скопје-Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна, дизајнирање и спроведување на едукативни кампањи за одгледувачите на пчели, докторите по ветеринарна медицина во овластените ветеринарни друштва и ветеринарните инспектори со цел соодветно и навремено спроведување на оваа програма.
-    Во соработка со Федерацијата на пчелари на Република Македонија, Факултетот за ветеринарна медицина Скопје-Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна да донесе протокол за добра пчеларска практика со што ќе се намали ризикот за ширење на болеста.

б) Ветеринарни друштва
Ветеринарните друштва ќе обезбедат дека само доктори по ветеринарна медицина кои имаат дополнителна обука за американската чума на пчелно легло особено во однос на препознавањето на клиничките знаци и спроведување на соодветни мерки за сузбивање на болеста ќе бидат вклучени во спроведувањето на одредбите од оваа програма.


в) Национална референтна лабораторија
За Национална референтна лабораторија за американска чума на пчелно легло се назначува Факултетот за ветеринарна медицина Скопје - Скопје.
Официјални дијагностички тестови за утврдување на присуство на предизвикувачот на американска чума на пчелно легло се тестот на изолација на бактериска подлога и тестот на полимеразна верижна реакција (ПЦР) за идентификација на предизвикувачот како потврден тест.
Покрај активностите пропишани со Законот за ветеринарно здравство, Националната референтна лабораторија за американска чума на пчелно легло е одговорна за:
-    Испитување на мострите кои се поднесени во рамките на програмата со официјалните дијагностички тестови;
-    Известување за лабораториските резултати веднаш по електронска пошта или во рок од 72 часа во писмена форма согласно методологијата на лабораторискиот информативен систем-ЛАБИС;
-    Внесување на потребните податоци во база на податоци и чување на истите;
-    Следење на меѓународните научни достигнувања во полето на дијагностиката на Американска чума на пчелино легло и прилагодување на дијагностичките методи и протоколи;
-    Учество во интер-лабораториски тестирања за обученост и спремност со други национални референтни лаборатории на земјите членки на ЕУ, со референтна лабораторија за ЕУ и согласно стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), организирани на регионално, меѓународно ниво или на ниво на Европската Унија.
г) Одлгедувачи на пчели
Должности на одгледувачите на пчели
1.    Одгледувачите на пчели согласно одредбите од член 41-а од Законот за ветеринарно здравство (Службен весник на Република Македонија бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12) имаат должност да склучат договор со ветеринарно друштво по нивни избор кое има склучено договор со Агенцијата за вршење активности од областа на здравствената заштита на животните (овластени ветеринарни друштва). Доколку не се задоволни од квалитетот на услугата, одгледувачите на пчели можат да поднесат барање до Агенцијата за раскинување на договорот и да предложат склучување на договор со друго овластено ветеринарно друштво. Промена на ветеринарно друштво може да се врши најмногу еднаш годишно освен во случај на престанување на работата на ветеринарното друштво, поништување на одобрението за работа или заради сериозни нарушувања на системот на здравствена заштита на животните. Пред раскинувањето на договорот, одгледувачот на пчели треба да ги подмири сите финансиски побарувања према ветеринарното друштво со кое го раскинува договорот за што ветеринарното друштво издава потврда.
2.    Одгледувачите на пчели имаат должност да го регистрираат своето одгледувалиште на пчели согласно одредбите од Правилникот за регистрација...
3.    Одгледувачите на пчели треба еднаш годишно да извршат попис на своето одгледувалиште на пописен формулар и истото да го пријават до надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор. Поблиските одредби во врска со пописот на одгледувалиште за пчели се пропишани во Правилникот за ...
4.    Веднаш да го пријават сомнежот на присуство на американска чума на пчелното легло до надлежното ветеринарно друштво или ветеринарниот инспектор.
5.    Целосно да соработуваат со надлежниот орган во однос на спровдувањето на оваа програма.
6.    Најдоцна до први август во секоја тековна година, одгледувачите на пчели треба да извршат клинички преглед на секое пчелно семејство на своето одгледувалиште со отварање на сите пчелчни сандаци и да ја пријават констатираната состојба на соодветен формулар до надлежното ветеринарно друштво (прилог формулар).
7.    Да осигураат дека пчелни заедници, пчелни сандаци, мед или друг пчеларски прибор кој бил во контакт со предизвикувачот на болеста не се употребуваат и не доаѓаат во контакт со незаразени пчелни заедници и не се ставаат во никаков промет преку спроведување на мерки за добра пчеларска практика.
8.    Не користат лекови за третирање на американската чума на пчелно легло.


ИИ.    Потврда на американска чума на пчелино легло
Пчелиното легло се смета за заболено од американска чума на пчелино легло доколку со дијагностичко испитување се утврди присуство на предизвикувачот на болеста (Паенибациллус ларвае).
Пчелиното легло се смета за сомнително на американска чума на пчелино легло доколку со клинички преглед се утврдат промени карактеристични за таа болест.
Пчеларникот се смета за заразен од американска чума на пчелино легло доколку е потврдено едно или повеќе заболени пчелни семејства.
ИИИ.    Пријавување на американска чума на пчелино легло
Согласно член 50 од Законот за ветеринарно здравство секој одгледувач на пчели има должност веднаш да го пријави сомнежот на присуство на американска чума на пчелното легло директно до Агенцијата или преку овластените амбулатни, клиники или болници. Покрај одгледувачите, сопствениците на пчели или лица одговорни за пчелите, обврската за известување на сомнежот ја имаат и:
1.    Докторите по ветеринарна медицина...
2.    Превозниците...
3.    Здруженијата на пчелари, ... органите на општините...

ИВ.    Мерки за сузбивање и искоренување на американска чума на пчелино легло
1.    Мерки кои се превземаат за надзор на болеста (мониторинг)
Одгледувачот на пчели е должен да пријави секој сомнеж на присуство на американска чума на пчелно легло до надлежното ветеринарно друштво во рок од ХХ дена.
Одгледувачите на пчели треба најдоцна до 1 септември во секоја тековна година да извршат преглед на сите пчелни семејства на својот пчеларник со цел да утврдат присуство на болеста. Прегледот на пчелните семејства се врши преку задолжително отварање на сите пчелни семејства и преглед на сите рамки со затворено пчелно легло.
Констатираната состојба, одгледувачот на пчели треба да ја пријави до надлежното ветеринарно друштво преку пополнување на образец. Директорот на Агенцијата го пропишува образецот.

Треба да се дополни...

2.    Мерки кои се преземаат при сомнеж на американска чума на пчелното легло
Во случај на пријава на сомнеж, овластеното ветеринарно друштво со кое одгледувачот на пчели има склучено договор, во присуство на ветеринарниот инспектор ќе ги изврши следните активности на пчеларникот каде е поставен сомнежот:
1.    Преглед на сите пчелни заедници присутни на пчеларникот со цел да го потврди сомнежот на присуство на болеста. Доколку сомнежот е потврден, овластеното ветеринарно друштво ќе земе мостри од секое пчелно семејство каде сомнежот е потврден и ќе ги испрати до овластената лабораторија со цел потврдување или отфрлање на болеста. За клиничкиот преглед, ветеринарното друштво му напчаќа на одгледувачот на пчели надомест од 60 денари за секое прегледано пчелно семејство.
2.    Податоците за извршениот преглед и земените мостри треба да се внесат во Ветеринарно информативниот систем (ВИС).
3.    Одгледувачот на пчели треба соодветно да ги обележи сите пчелни семејства каде е поставен сомнежот. Земените мостри за лабораториско испитување треба да бидат соодветно поврзани со бројот на пчелното семејство.
Деталите за начинот на земање и испраќање на материјал за лабораториско испитување ќе ги пропише Директорот на Агенцијата во посебно упатство. Трошоците за земање и испраќање на материјал за лабораториско испитување како и лабораториското испитување се на товар на Програмата за користење финансиски средства за здравствена заштита на животните за тековната година.
До добивањето на конечните лабораториски резултати, ветеринарниот инспектор ќе ги нареди следните мерки:
1.    Забрана за движење
2.    Забрана за роење
3.    ...

3.    Мерки кои се превземаат при потврда на американска чума на пчелино легло
Доколку со лабораторискиот преглед се потврди присуство на американска чума на пчелино легло ветеринарниот инспектор на пчеларникот ќе ги нареди следните мерки:
1.    Затварање на заразениот пчеларник (ставање на пчеларникот под официјален надзор);
2.    Забрана за движење на пчелини семејства надвор од пчеларникот;
3.    Забрана за движење на пчели и пчелини производи надвор од пчеларникот;
4.    Уништување на сите заболени сандаци заедно со пчелите и саќето;
5.    Уништување на сите дотраени сандаци без оглед на типот на изработката заедно со пчелите и саќето. Уништување на заболените пчелини семејства се врши со запалување и закопување на рамките, саќето и пчелите по што се врши дезинфекција на приборот и сандаците;
6.    Забрана за  држење на пчелини семејства без матица;
7.    Спречување на роење на пчелите во заразениот пчеларник;
8.    Дезинфекција на пчеларникот и пчеларскиот прибор што се користи при извршување на мерките наредени во заразениот пчеларник со соодветно дезинфекционо средство или, зависно од материјалот, со подгорување.
9.    ...

Во радиус од 3 км околу заразениот пчеларник, ветеринарниот инспектор ќе ги нареди следните мерки:
1.    Задолжителен клинички преглед на сите пчеларници кои се наоѓаат во радиус од ?? километри од заразениот пчеларник. Клиничкиот преглед го врши ветеринарното друштво кое има склучено договор со одгледувачот на пчели во присуство на ветеринарниот инспектор. Во случај на сомнеж, се постапува согласно точка 2 погоре. За клиничкиот преглед, ветеринарното друштво му напчаќа на одгледувачот на пчели надомест од 60 денари за секое прегледано пчелно семејство.
2.    ...
3.    ...

В.    Надомест на штета
Согласно член ?? од Законот за ветеринарно здравство, за уништените пчелни заедници и пчелни сандаци на одгледувачот на пчели му следува надомест на штетата. Согласно член ?? од истиот закон, надоместот на штета се исплаќа само во случај кога одгледувачот на пчели навремено ги извршил своите обврски односно:
1.    Навремено го пријавил сомнежот на болеста
2.    Ги спровел сите наредени мерки
3.    ...
За навремено пријавување на сомнеж на американска чума на пчелно легло согласно оваа програма се сметаат промени на затворено пчелно легло кои укажуваат промени кои не се постари од ?? дена. Староста на промените ќе биде потврдена од страна на официјалниот ветеринар кои заедно со докторот по ветеринарна медицина го вршат прегледот при земањето мостри за лабораториско испитување.
Истовремено, со цел одгледувачот на пчели да може да добие надомест на штетата, одгледувачот на пчели треба да демонстрира дека ги спроведувал одредбите од протоколот за добра пчеларска практика со која се намалува ризикот од ширење на болеста.
Директорот на Агенцијата ги пропишува пазарните цени за надомест на штетата.

ВИ.    Друго
Забрането е користење лекови и субстанции кои доаѓаат во контакт со пчелните заедници, пчелите или производите од пчели со кои се намалуваат и препокриваат клиничките знаци на болеста.

Записник од првиот работен состанок на стручната група за контрола на американска чума кај пчелите

Датум: 17.12.2013 година
Присутни:
1.    Проф. др. Мишо Христовски, Факултет за ветеринарна медицина Скопје;
2.    Проф. др. Хрисула Кипријановска, Факултет за земјоделски науки и храна;
3.    Доц. др. Александар Узунов, Факултет за земјоделски науки и храна;
4.    Павле Бошкоски, Сојуз на пчеларски здруженија на Македонија;
5.    Војислав Катранџиев, пчеларско здружение “Млеч”, Струмица;
6.    Бранко Тасевски, пчеларско здружение “Пчела” Куманово;
7.    Стојко Дејановски, пчеларско здружение “Пчела” Крива Паланка;
8.    Александар Михајловски, пчеларско здружение “Мелитагора”;
9.    Борис Стојанов, ветеринарно друштво “Ветерина Центар”, Струмица;
10.    Томислав Николовски, Ветеринарна комора на Македонија;
11.    Тони Киранџиски, Агенција за храна и ветеринарство;
12.    Елена Накова, Агенција за храна и ветеринарство.

Дневен ред: Запознавање со активностите за контрола на Американска чума кај пчелите во Република Македонија, анализа на моменталната епидемиолошка состојба во однос на болеста и на успешноста на мерките превземени за контрола на истата во 2013 година како и донесување предлог мерки за успешна контрола на болеста во 2014 година.
Заклучоци
1.    Со оглед дека се работи за високо контагиозна заразна болест кај пчелите која може лесно да се прошири во пчеларникот но и помеѓу различни пчеларници и има потенцијал да предизвика значителни економски губитоци по пчелните заедници, учесниците во стручната група се согласни дека болеста треба да остане во фокусот на активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство (Агенција) и дека треба да се продолжи со спроведување на соодветни мерки за контрола на болеста.
2.    Имплементацијата на мерките за контрола на американска чума кај пчелите во 2013 година пропишани во Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2013 година (Службен весник на РМ, бр. 10/13), сите пчелни семејства задолжително да се прегледаат најмалку еднаш годишно на присуство на американска чума на пчелното легло од страна на ветеринарно друштво кое има склучено договор со сопственикот/одгледувачот на пчелите, не се спроведуваше согласно пропишаното и не ги обезбеди очекуваните резултати односно не обезбеди соодветна слика на состојбата со болеста во Македонија. Согласно тоа, потребни се одредени модификации во однос на мерките за надзор кои се спроведуваа во текот на 2013 година.
3.    Одгледувачите на пчели во изминатите години не редовно известувале до Агенцијата за сомнеж на присуство на болеста.
4.    Едукацијата на пчеларите но и докторите по ветеринарна медицина треба да биде важна алка во ново предложената стратегија.
5.    Ново предложената стратегија треба да вклучува прецизни и детални инструкции во однос на мерките и временските рокови во кои треба да се спроведуваат.
6.    Веќе воспоставениот систем на надзор на Агенцијата кој ги вклучува одгледувачите, официјалните ветеринари, овластените ветеринарни друштва и овластените лаборатории, доколку се спроведува согласно пропишаното,може да обезбеди соодветна контрола на болеста. Ваквиот пристап треба да се користи при воспоставување на системот за надзор и спроведување на мерките за контрола на американската чума на пчелното легло.
7.    Одгледувачите на пчели согласно член 41-а од Законот за ветеринарно здравство (Службен весник на Република Македонија бр.113/07, 24/11, 136/11 и 123/12) имаат можност сами да го изберат ветеринарното друштво со кое ќе склучат договор за спроведување на наредените мерки за контрола.

Предлози
На првиот состанок на стручната група се издиференцираа главно два предлога:
-    Стратегија со задолжително клиничко испитување на сите пчеларници од страна на ветеринарните друштва и во случај на сомнеж, превземање на соодветни мерки за понатамошна контрола на болеста.
-    Стратегија во која прегледот на пчелните семејства во пчеларниците ќе го врши самиот одгледувач и во случај на сомнеж истиот ќе го пријави до надлежниот орган (ветеринарен инспектор или надлежно ветеринарно друштво) по што ќе се превземат соодветни мерки за контрола на болеста.

Стратегија со задолжително клиничко испитување на сите пчеларници од страна на ветеринарните друштва
Предлог стратегијата во 2014 година треба да вклучува задолжителен преглед на сите пчеларници во 2014 година. Прегледот ќе го вршат ветеринарните друштва кои имаат склучено договор со одгледувачот на пчели. Прегледот ќе се врши на соодветен начин и во соодветен временски период. При прегледот, докторот по ветеринарна медицина врз основа на соодветно конструиран прашалник ќе земе анамнестички податоци. Прегледот ќе се врши на на сите пчелни семејства (или на статистички доволен број на пчелни семејства)со цел да се обезбеди висока сензитивност на клиничкиот преглед. Податоците од прегледот ќе се внесуваат во соодветна база на податоци која ќе ја развие Агенцијата. Клиничкиот преглед ќе биде платен од страна на одгледувачот на пчели. Доколку се врши преглед на статистички примерок, во случај на сомнеж, ќе се изврши клинички преглед на сите пчелни заедници во пчеларникот и ќе се земат мостри за лабораториско испитување на болеста. Трошоците за земање мостри и лабораториско испитување да бидат на товар на Програмата за здравствена заштита на животните. Во случај на потврда на болест ќе се спроведуваат прецизно наведени мерки за контрола на болеста вклучувајќи и уништување на пчелните заедници како и мерки во непосредната околина на пчеларникот. Дополнителни прецизни мерки и начин на нивно практично спроведување ќе бидат разработени од страна на стручната група. Ветеринарната комора на Република Македонија треба да ги превземе сите неопходни мерки (вклчително и едукација на докторите по ветеринарна медицина кои ќе го вршат прегледот) за да се обезбеди квалитетно спроведување на мерките. Одгледувачите на пчели имаат обврска (согласно закон) да го пријават секој сомнеж на присиство на болеста. Федерацијата на пчелари на Република Македонија во рамки на своите овластувања и надлежности ќе врши промоција кај пчеларите да задолжително и навремено пријавуваат сомнеж на присуство на болеста. Стручната група ќе предложи цени кои ќе се наплатуваат од страна на ветеринарните друштва во зависност од бројот на прегледани пчелни заедници и големината на одгледувалиштето.
Во секој случај, одгледувачите на пчели имаат должност да го пријават сомнежот на присуство на болеста во временски рок.
Во наредните години, ќе се спроведуваат мерки за ерадикација на болеста во пчеларниците и околината каде болеста е утврдена. Прегледот на американска чума на пчелно легло нема да се врши секоја година односно ќе се врши на одреден период (на пример  на секои 3, 5, 7 или 10 години) со исклучок на репроцентрите за пчели каде што преглед треба да се врши секоја година.

Стратегија во која прегледот на пчелните семејства во пчеларниците ќе го врши самиот одгледувач
Мерките за рано откривање на болеста целосно се базирани на пријавата на сомнеж на присуство на болеста од страна на одгледувачот на пчели. Во таков случај, ветеринарното друштво ќе земе мостри за лабораториско испитување. По потврда на болеста ќе се превземат пропишани мерки во пчеларникот и непосредната околина како што е опишано погоре.

 

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):