Пчелар.мк PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 Август 2008 01:42
Идеата за еден ваков интерактивен Интернет портал на кој ќе биде промовирано пчеларството и кој ќе третира и други актуелни теми, е уште од 1996 година. Меѓутоа неговата имплементација зависеше од многу технички и финансиски фактори. Пред се беше потребен брз интернет, добро програмиран интернет портал која ќе може лесно да се одржува и обновува, а сето тоа  да не биде премногу скапо.

Порталот ќе ви овозможи :

  • полесно,
  • побргу,
  • поквалитетно,
  • поефтино

да дојдете до потребните информации од областа која ве интересира и како истите да ги примените во пракса.

Сајтот Ви овозможува да  добите практични совети со кои ќе ги избегнете високите ризици  кога експериментирате со одредени лекарства ,технологии и постапки заштитувајќи Ве од губитоци и заштедувајќи ви многу време и Ваши пари.

Воедно можете активно да се вклучите во содржините  на овој сајт: оценувајки ги статиите, давајќи ваши коментари, учествувајќи во дискусиите, гласајќи на анкетите со тоа ќе го зголемите квалитетот и ќе придонесете за збогатување на содржината на сајтот. Можете да поставувате прашања и да давате одговори на поставените прашања. Можете да ги објавите вашите позитивни и негативни искуства, стекнати со практиката.

Што интернет порталот ќе содржи? За кого ќе биде наменет? Што ќе добијат корисниците на прталот?
  • Пoрталот е наменет за искусните пчелари кои со своите мислења и коментари ќе ги пренесат нивните искуства и ќе ја збогатат неговата содржината, а тие ќе добијат можност за  бесплатна промоција и публицитет.
  • Исто така младите неискусни пчелари или оние кои сакаат да почнат со пчеларење на порталот ќе можат да ги најдат сите потребни информации за успешно пчеларење а ќе можат да поставуваат и свои прашања. на кои ќе добијат практични совети.Со тоа заштедуваат многу време и пари.
  • Студентите од земјоделскиот факултет отсек пчеларство ќе можат да добијат информации ,примери и искуства од пчеларската практика како и други актуелности од оваа област.
  • Производни компании кои се занимаваат со производство на опрема за пчеларството,шекерно медни погачи и други адитиви за прихранување на пчелите,восочни основи, Фармацеутски куќи кои произведуваат лекови за заштита од болестите на пчелите и други компании кои се занимаваат со бизнис поврзан со пчеларството,тргуваат со пчелини производи и пчеларска опрема на сајтот ќе можат да огласуваат и да се рекламираат со што ќе ја зголемат продажбата на своите производи.
  • Сајтот е наменет и за  оние кои се занимаваат со најблагородната работа и преку книги ,списанија, брошури и семинари го пренесуваат своето искуство и знаење на сите оние кои се заинтересирани за тоа.Тие имаат можност да се вклучат во содржините на сајтот добивајки бесплатна промоција и публицитет зголемувајќи ја можноста за продажбата на своите трудови.
  • Лекарите кои ја практикуваат АПИТЕРАПИЈАТА пред се во рехабилитациони цели но и при превентивата за заштита од болестите.Тие можат да добијат информации од корисниците на  пчелини производи како пчелините производи влијаеле на подобрувањето на нивното здравје или како влијаеле врз зајакнувањето на нивнот имунитет. Меѓутоа лекарите ќе можат да се вклучат со статии од нивни истражувања при примената на апитерапијата во секојдневната лекарска пракса со цел полесно и поквалитетно да им помагаат на своите пациенти.
  • Сите оние кои се заинтересирани за квалитетен и здрав живот за примена на пчелините производи и лековитите билки во исхраната ,лекувањето и козметиката, но и за сите други прашања кои влијаат на квалитетот на нашето живеење, ќе можат да добијат детални информации и многу рецепти за начинот на користење на пчелините производи и лековитите билки, исто така тие можат своите искуства да ги објават на сајтот стекнувајќи се со бесплатна промоција и публицитет.
 Во основа на порталот се отворените теми од сите позначајни области на пчеларството како и факторите кои влијаат на успешноста во пчеларењето.

Но исто така и ,

  • Теми за здравјето.
  • Користењето на пчелините производи за зачувување ,подобрување и постигнување на здравјето.
  • Теми за екологијата и глобалните климатски промени и нивното влијание на флората и фауната и како да се справиме со овие промени.
  • Теми за сиромаштијата и потребата за зголемено производство на здрава храна и справување со овој проблем.
  • Теми од ИТК технологиите и нејзината примена како помош во решавање на  овие феномени на дваесет и првиот век.
  • Исто така можат да се поставуваат и други интересни теми и прашања од секојдневниот живот како и да се промовираат успешни луѓе и инересни настани .

Секоја од областите постојано ќе биде надополнувана со најнови сознанија и искуства.

Сите текстови и податоци кои се наоѓаат на порталот се со цел да послужат како информација и имаат образовен карактер , дел од нив се мислења и видувања на нашите посетители и се отворени за дебата. Воедно е користена и обемна пчеларска и друга соодветна литература  како и информации и преводи на текстови објавени на интернет на други јазици.

Во изготвување е и превод на страницата на Хрватски и на Англиски јазик.

Фотографиите и видео клиповите (кои ќе се додадат во акција :) во најголем дел се оргинални и актуелни.

Порталот на интернет како пилот e поставен од  01/01/2009 годинa.

Порталот е регистриран 04.03.2009 година со македонски домен www.pcelar.mk од кога функционира продукциски портал.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 Посетете не на facebook

Oд Уредникот

 

 

Последна промена на Вторник, 26 Ноември 2013 21:47
 
Коментари (36)
36 Понеделник, 07 Април 2014 18:04
petar popovski
za sto posebno se koristat ovie preparati
kako se dozira na koi drustva
ama ve molam pobrzoza odgovor
35 Сабота, 25 Февруари 2012 21:10
Dejan
Sakam da zapocnam so pcelarenje i momentalno rabotam na lokacija no za ponatamu ke mi treba seta oprema so se sandaci. Dali nekoj vrshi prodazba na sandaci, oprema i pceli.
pocituvani pcelari preporacuvam vnimatelno da se procita gore naveden naslov so prodolzenie si vo najskoro vreme da se primenuva za opstanok na pcelite pozdrav,
za kontakt
bul. ASNOM br.24 vl.1 stan 1
nas.Novo Lisice 1ooo Skopje
tel.o2 2435.814
o7o.260.363
e-mail.grimiko_duki@uahoo.com
pozdrav,
dusan
33 Вторник, 17 Јануари 2012 03:17
Душан Мариќ
Почитувани пчелари за горе наведени кратенките на течноста накнадно ќе добиете информација.
za kontakt dusan maric pcelar
bul. ASNOM br.24 vl.1 stan 1
nas.Novo Lisice 1ooo Skopje
tel.o2 2435.814
o7o.260.363 071.220.547
e-mail.grimiko_duki@uahoo.com
pozdrav,
dusan
32 Вторник, 17 Јануари 2012 03:16
Душан Мариќ
Ние / јас / ќе продолжиме да се применува К S C W течност, фала му на господ дека сега ја имаме и тука кај нас, и ќе ги забележиме сите постигнати резултати во пчеларството.
........ Да се нарече К S C W течност потребно е нешто што треба да ги исполнуваат најмалку три основни услови:
1. која е составена од различни составни елементи.
2. кои се составен елементи во различна физичката состојба.
3. дека се составни елементи и меѓусебно нерастворливи.
П Р О Д О Л Ж У В А
31 Вторник, 17 Јануари 2012 03:15
Душан Мариќ
Овој природен антибиотик треба да се земе не само во акутни - кризни ситуации, потрбно е да се зема постојано со цел да се создаде навика, бидејќи тоа е толку генерално само да ги отстранат сите негативни и несакани супстанци и инвазија на телото, го подобрува имунитетот, го зајакнува телото и создава здрав живот кај пчелите.
Во некои учебници во медицината се наведува дека K S C W течност е најмоќeни антибиотик некогаш откриен.
Не можам да дознаам зошто лекот е заборавен.
П Р О Д О Л Ж У В А
30 Вторник, 17 Јануари 2012 03:13
Душан Мариќ
Во сите околности на пчелите се става К S C W течност наместо обична вода. Секогаш подготви шеќерен сируп во К S C W течност. Осигурајте се дека опремата и алатот секогаш треба да биде чиста и стерилна.
Овозможување на пчелата се да се спротивстави на многу болести е најдобриот лек и тоа се постигнува со квалитетна храна и со K S C W течност која ги задоволува потребите на пчелите во сите сезони. И тоа ќе зависи од условите каде пчеларите.
П Р О Д О Л Ж У В А
29 Вторник, 17 Јануари 2012 03:12
Душан Мариќ
Во текот на топли и суви денови безпашни ( на пролет и летен период) KSCW течност се става во чиста, стерилно шише спреј/како прашина/се прска на 3-5 рамки со пчели и пчели во кошница. Ова постапка на К S C W течност значително ќе се намали смртноста на пчелите, ќе се зголеми приносот на мед и матичен млеч. Медот нема да содржи антибиотици и антифунгални, тој ќе биде еколошки чист.Ако има упорни инфекции и зголемување на проблеми со вирусни, бактериски или габични заболувања, неопходно е да се применува редовно со К S C W течност. П Р О Д О Л Ж У В А
28 Вторник, 17 Јануари 2012 03:09
Душан Мариќ
K S C W течност како превентива може да се даде повремено во поилици на пчелите наместо на обична вода. спреј е најдобар течност да се даде на пчелите во почетокот на есента, додека матицата носи повеќе јајца во телото, додека пак кај пчели работнички се прави резерва за зимата во масното ткиво. На шеќерен сируп, погачи на есен и пролет со прихрана треба да биде подготвена од страна на растворање на шеќер или глукоза во чиста KSCW течност, без додавање вода од чешма без адитиви и други нечистотии. Мешање со обична вода се намалув до 85% на ефектот на KSCW течност. П Р О Д О Л Ж У В А
27 Вторник, 17 Јануари 2012 03:07
Душан Мариќ
И експериментални податоци се собрани врз основа на интервјуа со одгледувачи на пчели, кои се експериментално се применува KSCW течност на нивните пчели. Нема сомнение дека сите професионални пчелари да се дополнат со лично искуство на K S C W течност и иновации. Важно е дека примената на овој производ е безопасен за пчели и нивните ларви, а тоа е многу ефикасна во спречување на бактериски, габични и вирусни болести на пчелите.
продолжува
Има повеќе од 15 видови на вируси кои предизвикуваат разни болести на пчелите. Некои вирусни инфекции се акутни и хронична парализа, "Мешинасто легло" (вирусна заболувања на затворено легло) и други. Antibiotici i antimycotics не делуваат на вируси, така што во случај на вирусни болести се бескорисни.
K S C W течност честички ефективно ќе ги уништи сите вируси.
Пчелите кои користат K S C W течност стануваат отпорни на инфекции и има подобри приноси на мед и матичен млеч.
Овој упаство е направено во комбинирање на научни со експериментални податоци.
продолжува
25 Вторник, 17 Јануари 2012 03:01
Душан Мариќ
K S C W може да се даде превентива на пчели без ограничување, мед останува чисто и природно, без присуство на антибиотици и антифунгални лекови, кои се штетни за здравјето на човекот.
Многу патогени бактерии (Bacillus ларви - причина за "Американска трулеж, Streptococcus Pluton - причина на " Европската трулеж " и други) се чувствителни на присуството на позитивно наелектризираните K S C W течност е моќнo средство во спречувањето на вирусни, бактериски и габични заболувања на пчелни ларви и возрасна пчели.
продолжува
24 Вторник, 17 Јануари 2012 02:58
Душан Мариќ
K S C W течност е моќнo средство во спречувањето на вирусни, бактериски и габични заболувања на пчелни ларви и возрасна пчели. Високата концентрација на K S C W честички (15 mg / l) во K S C W течност брзо и ефикасно ги убива микроорганизмите. За разлика од антибиотици и антифунгални лекови, кои често се користи за контрола на пчела болести, K S C W течност не може да предизвика труење со храна пчели и може да се примени во неограничени количества без последици за пчели ларви и возрасна пчели.
продолжува
23 Вторник, 10 Јануари 2012 16:33
Баже
ме интересира каде можам да купам квалитетни и оплодени матици?поздрав
22 Среда, 04 Јануари 2012 02:41
dusan maric
Izvestuvanje Pocituvani pcelari ve izvestuvame deka SME VO IZGRADBA NA SOVREMEN KOMPLETEN OBJEKT so sovremena kompletna oprema kako za otkup taka i za ISPITUVANJE na pcelni proizvodi VO SKOPJE od 2o12 god. ce vrsime kompleten OTKUP na pcelni proizvodi : PCELNI OTROV, MLEC, PROPOLIS, VOSOK, POLEN, PERGA, MED, oplodeni kvalitetni MATICI. Sekoj zainteresiran ponuduvac da dostavi predlog ponuda so priblizna kolicina na odreden proizvod na golemo sekoj proizvod ce podlezi na kompletno ispituvanje i kontrola za kvalitet. so dostavuvanje mustra so min.kolicina za potrebite na ispituvanje ve molam dokolku ima zainteresirani ponuducaci da stapat vo kontakt najdocna do 15 februari 2o12 god. kontakt : dusan maric e-mail: grimiko_duki@yahoo.com Sredba so sekoj pcelar ili grupni pcelari mozen na sekoj 1 i 15 den vo mesecot vo Skopje. se nadevam so nasa zaednicka i uspesna sorabotka odnapred blagodaren. Pozdrav, Dusan Maric Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја ви
21 Вторник, 25 Октомври 2011 12:18
Ана
Како да контактирам со вас како да се зачленам
20 Петок, 21 Октомври 2011 07:27
анастасија
честитки со медарот на пчелите
19 Петок, 21 Октомври 2011 07:23
Андријана
Честитки
18 Петок, 12 Август 2011 01:53
petar
Dali mozi da doznaam nekade dali ima zakon za mestopolozba na pcelite vo nasiot zakon vo Makedonia
Pri4ina: Tuzba za premestuvanje na pcelnite semejstva (od komsija) poradi ubod od pcela :D
Ako znae nekoj kako da se branam na sud ili da mi kaze kaj da go najdam zakonot za da ne plakam advokat
fala odnapred
17 Петок, 06 Мај 2011 07:25
Goran Spasenoski
Zdravo se interesiram kade mozam da nabavam seme za sadenje na Facelija ako znaete ve molam da mi pisete na goranspasenoski1@yahoo.com Blagodaram
16 Среда, 23 Март 2011 00:39
nikola
abe prijateli ke mi kaze nekoj dali ima informacija za subvencii za pcelarstvo dali nekoj ima dobieno inaku jas sum od Resen pozzz
15 Вторник, 22 Март 2011 14:28
petar popovski
eve vo vojvodina ima oglas za kreditiranje od1000 do 5000 evra nadve godini grejs period so8%kamata
14 Четврток, 09 Декември 2010 19:42
Zoki
Zdravo jas sum pocetnik vo pcelarstvoto,sakam da prasam kako da go stopam saketo sega bidejki ne uspeav da go stopam vo soncev topilnik.
13 Четврток, 09 Декември 2010 16:39
petar popovski
se javuvam od bitola dragi dusan maric mozes da dades eden opsiren
prikaz za poloskoto pcelarenje so 26 ramki kako izgleda i sve okolu toa ke go prikazis vo idnina
pozdrav od pcelarot petar
12 Вторник, 03 Август 2010 21:32
goce aleksoski
Izvonredni ste i ve pozdravuvam. Prodolzete i ponatamu so takvo tempo.
11 Понеделник, 28 Јуни 2010 13:53
ivana
dali ke moze nekako da stapam vo kontakt so profesorot uzunov i kako?
10 Понеделник, 17 Мај 2010 00:39
nikola
sajtov vi e prekrasen vreme bese i dovolno znaeme site deka trebase vakov sajt za pcelarstvoto se raduvam koga gledam deka i nasata makedonska mladina e zainteresirrana za pcelarstvo so vas sum sekogas navivam za ova ubava stranica i treba da napravime da se prosirime nasekade niz svetot pozdrav
9 Петок, 23 Април 2010 10:09
dusan maric
za kontakt
bul. ASNOM br.24 vl.1 stan 1
nas.Novo Lisice 1ooo Skopje
tel.o2 2435.814
o7o.260.363
e-mail.grimiko_duki@uahoo.com
pozdrav,
dusan
8 Петок, 23 Април 2010 10:05
dusan maric
sekoj koj e za rabota so vid na sandaci POLOSKA so 26 ramki spremen sum da prezentiam so ovoj tip na sandaci
ima mnogu prednosti, ednostavna rabota, visokoproduktivno drustvo, so jako drustvo od okolu 65.000 do 90.000 pceli, rezultatot e efikasno za prezimuvanje, rabota so 2 matici, i ostanati prednosti.
pozdrav,
pcelar dusan maric
7 Среда, 10 Март 2010 10:32
професор
се јавувам по препорака на инспекторот Марјан Дончев од Виница претседател на ЗП,,Матица,, затоа што ми требаат информации за видови медоносни пчели во Источна Македонија.Ве молам доколкунрасполагате со такви информации пратете ми ги на мојот мејл
vaska-laz@mail.net.mk pozdrav

Додади го твојот коментар

Вашето име:
Наслов:
Коментар (тука може да се користат HTML tags):