Дистрибуцијата на пчелините производи е многу значајна пред се поради се поголемата заситеност на локалните пазари со пчелини производи а пред се со мед.Транспортните трошоци завземаат значајна ставка во цената на чинење на пчелините производи.
Пчелините производи имаат соодветна пазарна цена. Пазарната цена е диктирана пред се од понудата и побарувачката но и од квалиеттот на производот , амбалажирањето, рекламирањето и т.н. Пчеларот треба да настојува цената на производство по единица производ на одреден пчелин производ да биде што пониска.
Пчелар кој со пчеларство почнува да се занимава професионално или пак приходите од него претставуваат значаен дел од буџетот на пчеларот, открива дека развивањето и оддржувањето на пазарите е исто толку важно и одзема исто толку време како и самото производство.Согледува дека во пчеларството нема лесна заработувачка како што мислел по продажбата на медот кога имал две-три кошници.